fbpx

Коалиционите сили ја бомбардираа претседателската палата во Тикрит

-

Коалиционите и ирачките авиони денеска го гаѓале комплексот палати во Тикрит, во кој се наоѓаат припадници на екстремистичката Исламска држава, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана, Тахсен Садик.

– Ирачките воздушни сили, заедно со коалиционите сили, извеле воздушен напад врз претседателската палата во која се наоѓа седиштето на лидерот на ИД – рече Садик.

Портпаролот на Пентагон, полковник Стивен Ворен, изјави дека доцна синоќа САД покренале воздушни напади на градот Тикрит како поддршка на ирачките сили кои се борат за враќање на контролата врз градот кој сега го држи ИД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...