fbpx

Ирак доби борбени авиони „Ф-16“ од САД

-

Ирак денеска доби нова пратка авиони „Ф-16“ од САД, соопшти канцеларијата на премиерот Хајдер ал Абади.

Ирак нарача 36 авиони по цена од 65 милиони долари по летало, но иницијалната испорака беше одложена од безбедносни причини, откако Исламска држава минатата година зазеде голем дел од Ирак.

Четири авиони слетале во воздухопловната база Балад, соопшти офицер на ирачкото воздухопловство.

Испораката е објавена на денот кога почна воената офанзива против исламистите во провинцијата Анбар, западно од Багдад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...