Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во Собранието поднесоа предлог-закон за престанување на важење на Законот за лустрирање, кој треба да престане да важи од 1 септември оваа година.
Комисијата за верификација на факти од први септември нема мандат за поведување нови постапки за лустрација. Со законот се запираат сите почнати постапки за кои до 1 септември 2015 година не се донесени решенија од Комисијата за лустрација.
Лицата кои добиле конечни решенија, како соработници на органите за државна безбедност, нема да имаат право на вршење јавна функција во период од пет години.
Процесот на лустрација се најде и во последниот извештај на Прибе.