Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари ги сменил командантите на армијата, морнарицата и на воената авијација и се очекува наскоро да ги именува нивните наследници, соопштил неговиот портпарол за „Би-Би-Си“.
Според британскиот национален медиумски сервис, потегот на Бухари не е изненадување бидејќи нигерискиот претседател неколкупати ја критикуваше „неспособноста на војската“ да ги порази милитантите на исламистичката организација Боко харам.
Откако зазедоа голем дел од територијата на земјата, милитантите на Боко харам спроведоа серија смртоносни герилски акции, убивајќи повеќе од 250 лица.
Од новите воени команданти се очекува блиска соработка со соседните земји, Чад, Камерун и Нигер, кои ги здружија своите сили во борбата против Боко харам.