fbpx
Таг: име

таг: име

Катица Јанева 24 часа владееше со „Гугл“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која утринава положи заклетва и официјално ја презеде функцијата, вчера беше вистинска енигма затоа што на пребарувачот „Гугл“ можеа да се најдат само скудни информации за нејзината биографија, а слика воопшто и немаше. Но и покрај недостигот од информации, македонската јавност во текот на вчерашниот ден неуморно го пребаруваше нејзиното име со надеж дека ќе се...

СИРИЗА останува посветена на ставот за сложено име за севкупна употреба

СИРИЗА на само неколку дена пред отворањето на гласачките места, конечно ја претстави својата политичка програма. Од програмата долга 145 страници, на плановите за решавање на спорот за името им се посветени само неколку реченици. Според програмата, левичарската партија останува на познатите грчки црвени линии. СИРИЗА останува на ставот дека и понатаму ќе го поддржува процесот на преговорите за решавање...

Техничката влада би можела да го реши спорот за името

Откако се потпиша договорот од Пржино, не стивнуваат позитивните реакции во Брисел и обидите да ѝ се помогне на Македонија да ги почне преговорите за членство со ЕУ. Како што извести „Мета“ вчера, со договорот од 15 јули европските дипломати сметаат дека ќе биде полесно да се убедат „Грција и земјите што се кријат зад неа“ да дозволат Македонија да почне...

Ахмети на средба со Нуланд: Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза

„Неприфатливо е продолжувањето на политичката криза бидејќи целото општество е во очекување на решение и на продолжување на нашиот евроатлантски пат“, оценил претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на денешната средба со помошничката на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Викторија Нуланд, која е во еднодневна посета на земјава. „Лидерот Ахмети ја запозна госпоѓа Нуланд со позицијата...

ДУИ: Спорот за името е во пакетот, но во подоцнежна фаза

Од ДУИ велат дека спорот за името ќе биде дел од пакетот за кој лидерската четворка ќе разговара, но во подоцнежната фаза од преговорите. Според партиски извори, името не се отворило на лидерските средби, но за решение на спорот за името ќе се разговара во работните групи, кои треба да го спроведат на дело договорот од 2 јуни.

ВМРО-ДПМНЕ: На лидерските средби не разговараме за името

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го негираат тврдењето на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, дека за време на лидерските средби се разговарало и за прашањето за името. „Во врска со денешната изјава на претседателот на ДПА, Мендух Тачи, би сакале да соопштиме дека на разговорите на кои учествува ВМРО-ДПМНЕ, досега немало никаков предлог за решавање на проблемот за името“, се вели во реакцијата...

Тачи: Паралелно со преговорите за излез од кризата, разговараме и за решение на проблемот за името

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по денешната средба со американскиот конгресмен Елиот Енџел и со американскиот амбасадор Џес Бејли, изјави дека спорот за името е дел од преговорите на лидерската четворка, на чии состаноци присуствуваат и Бејли и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, објави „Телма“. Тачи не откри повеќе детали, но вели дека дел од пакетот на маса е спорот за името,...

Заев изрази поддршка за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција ги обединија во ставовите владата и опозицијата. Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, изрази поддршка за иницијативата и за договорените мерки за градење доверба, за поголема соработка и за топење на мразот меѓу Македонија и Грција. Според него, 11-те теми, конкретните мерки што беа наброени,...

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе успее да направи мала револуција и да ги приближи двете држави поблиску до решение. Според анализата...

Павлопулос: Само неразумните се сомневаат во грчкиот карактер на Македонија

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос смета дека само неразумните би можеле да мислат дека Македонија му припаѓа на некој друг освен на Грција. Грчкиот претседател, на денешната средба со претставниците на Регионалната унија на општини од Централна Македонија, во претседателската палата испрати јасна порака дека никој не смее да се сомнева во тоа дека историската Македонија јасно ѝ припаѓа на...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги откри преговарачките тактики на Македонија

„Зоран Заев со денешната прес-конференција покажа дека вистината е една и единствена и дека од неа, дури и со сечени, прилепувани и монтирани материјали, какви што тој употребува, не може да се избега“,  реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната „бомба“ на СДСМ. Од партијата велат дека денеска е совршено јасно која е функцијата на наративот на Заев, кој, според ВМРО-ДПМНЕ, е подолг од...

Шарлот Елизабет Дијана е името на малата принцеза

Еден ден откако се роди, ќерката на принцот Вилијам и на војвотката Кетрин Мидлтон го доби и своето име. Таа ќе се вика Шарлот Елизабет Дијана. Бебето ќе биде познато како нејзиното височество принцезата Шарлот од Кембриџ и таа е четврта по ред за наследник на кралскиот трон. Првото име, Шарлот, е женска верзија од името на нејзиниот дедо Чарлс....

Британскиот амбасадор во Атина бара Македонија и Грција да не заборават на преговорите за името

Преговорите за мерките за градење доверба не треба да ги стават во сенка преговорите за името. Ова е ставот на британскиот амбасадор во Атина, Џон Китмер, кој во интервју за весникот „Катимерини“ ја анализира економската ситуацијата во Грција и прашањата од нејзината надворешна политика. Според Китмер, Британија со голем интерес ја следи најавата на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас,...

Маљас: За името, Ципрас ви е попрагматичен и пореалистичен соговорник

Првиот грчки амбасадор во Македонија и актуелен член на грчката партија Река, Александрос Маљас, ги оцени мерките за доверба што треба да ги предложи Атина како можност за позитивно придвижување напред кон подобра заедничка иднина за Македонија и за Грција. За време на неговиот говор на конгресот на ДУИ во Скопје, вчера Маљас рече дека Атина ќе предложи пакет...

Независни Грци и понатаму против идејата за сложено име со терминот Македонија

Пратеникот од Независни Грци, Костас Зурарис, изрази огорченост од одлуката на СИРИЗА и на други грчки партии да се прифати сложено име во кое ќе фигурира терминот „Македонија“. Според него, тоа ќе значи дека Грција ќе дозволи нашите граѓани да бидат главните Македонци, а грчките граѓани од северна Грција, кои се идентификуваат како Македонци, некакви Македонци од втор степен. - Фактот што...

Груевски призна дека преговарал за името и се обиде да ја деактивира „бомбата“?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, во говорот на собирот во Битола, направи обид да се амнестира од евентуална „бомба“ за името и ја подготви јавноста и членството за еден ваков чин. Зоран Заев, лидерот на СДСМ, неколкупати најави дека поседува снимки од кои, наводно, ќе се види „кој го продавал името“.   Груевски во врска со името, прв пат...

Нимиц му пишал на Коѕиас, Нуланд утре во Атина

Посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, воспоставил контакт со новиот грчки шеф на дипломатија, Никос Коѕиас. Според весникот „Етнос“, Нимиц испратил писмо до Коѕиас за да му честита на преземањето на функцијата, изразувајќи подготвеност да ја посети Атина за да оствари контакт и да се запознае со новата грчка влада. Весникот забележува дека грчката страна одговорила формално на писмото до посредникот, без...

Ципрас со пакет мерки за добрососедство со Македонија

Грчката влада размислува за нова дипломатска иницијатива кон Македонија. Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, се чини планира да ѝ предложи на македонската влада пакет мерки за градење на довербата меѓу двете страни, кои, според првичните информации, главно, би се однесувале на справување со проблемите со иредентизмот, кој грчката страна смета дека се спроведува многу силно од Владата...

Солунскиот митрополит Антимос предлага да се викаме „Република Пелагонија“

Патриотски настроениот солунски митрополит Антимос предизвика изненадување во Грција со изјавата дека се молел за успех во Брисел за премиерот Алексис Ципрас. Сепак, иако застана на негова страна за економијата, сепак не е задоволен од ставот на Ципрас за спорот за името, односно од ставот за сложено име со географска одредница. Во интервју за весникот „Катимерини“, Антимос коментира дека...

СИРИЗА веднаш ги потврди црвените грчки линии за името

СИРИЗА одлучи да ја сподели историската шанса за левицата да владее со Грција со екстремно десничарската партија Независни Грци. Иако овој политички брак беше очекуван и најавуван поради истите ставови против поликата за штедење на СИРИЗА и на Независни Грци, сепак покрена голем број прашања и дилеми. Сепак, двете партии веднаш се согласија околу прашањето на името. По изјавата на Теренс...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...