fbpx
Таг: име

таг: име

Атина: Ахмети доаѓа на своја иницијатива, ние сè што требаше му кажавме на Попоски

Посетата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Атина задутре, во Грција се најавува како дел од напорот да се најде побрзо решение за безизлезот во кој е заглавен спорот за името. Во анализа на грчкиот весник „То вима“, средбата на Ахмети со шефот на дипломатијата Никос Коѕиас се оценува како дел од грчката стратегија периодов да се најде...

Коѕиас бара поголемо расположение за суштински дијалог од Македонија

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, апелира македонската влада да покаже поголемо расположение за суштински дијалог и способност за искрен компромис. Во божиќното интервју за грчкиот весник „Агора“, на прашањето што ќе направи грчката влада ако македонската страна побара прием во меѓународните организации под привременото име, грчкиот министер јасно истакна дека Македонија треба да се придржува до Привремената спогодба. „Соседната држава треба...

Попоски – Коѕиас: Треба да се надминат планини за да се најде решение за името

Разликите во црвените линии во спорот за името меѓу Македонија и Грција остануваат, меѓутоа двете држави претендираат да се фокусираат на меѓусебната соработка и на нештата што ги зближуваат, наместо на проблемот што ги разединува. Ова беше заклучокот на македонскиот и на грчкиот министер за надворешни работи, Никола Попоски и Никос Коѕиас, при денешната средба во грчкото министерство за надворешни работи во...

Името и бегалската криза во фокусот на средбата Коѕиас – Попоски

Спорот за името и бегалската криза ќе бидат на врвот на агендата на денешниот состанок меѓу шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, во Атина. Во Атина владее воздржан оптимизам за исходот од посетата, со оцени дека работите се раздвижени, мразот полека се топи и дека условите за наоѓање компромис се значително подобри од...

По реакцијата на Груевски, „Гардијан“ го смени насловот

По реакцијата на премиерот Никола Груевски на интервјуто во „Гардијан“, британскиот весник го смени насловот. Првичниот наслов „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24-годишниот проблем со Грција“, е заменет со „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“. По денешното објавување...

Попоски утре во официјална посета на Атина

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, утре пристигнува во Атина на официјална средба со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас. Ова е втора посета на Попоски на Атина, по неговото учество на неформалниот состанок на министри на ЕУ и државите-кандидати за време на грчкото претседателство во 2014 година, но прва официјална посета како министер за надворешни работи на Македонија. На...

Груевски: Ќе реагираме до „Гардијан“ за лажната изјава

Не сум изјавил дека Македонија ќе го смени името и ќе реагираме до „Гардијан“, се вели во писмена изјава на премиерот Никола Груевски во врска со интервјуто дадено за овој британски весник. „Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст каде што е очигледно дека се работи за новинарски...

Груевски: Подготвени сме да разговараме со Грција и да се најде решение

Премиерот Никола Груевски во интервју за британскиот весник „Гардијан“, вели дека е подготвен за повторно отворање дијалог за прашањето со Грција, но доколку има некаков прифатлив предлог, тој ќе биде ставен на изјаснување на референдум. - Ние сме подготвени да разговараме, да се отвори дијалог со нив, како и да се најде некакво решение - вели Груевски во интервјуто. Во текстот, „Гардијан“...

Палатата „Александар Македонски“ е нова провокација за Грција

Во Грција негативно беше дочекана веста дека уште едно здание во Македонија е именувано по Александар Македонски. Голем дел од грчките медиуми ја пренесоа веста дека Археолошкиот музеј се именува како палата „Александар Македонски“ како нова провокација од македонска страна. Потпаролот на грчкото МНР коментира дека влошувањето на внатрешните проблеми и незадоволството од тоа како се води политиката во Македонија...

Нов круг разговори меѓу Македонија и Грција за мерките за градење доверба

Во Атина се одржа нов круг преговори меѓу македонската и грчката страна за имплементирање на мерките за градење доверба. Како што информираат од грчкото министерство за надворешни работи, минатиот петок во Атина околу мерките разговарале политичкиот директор на министерството, амбасадорот Петрос Мавроидис, и неговата македонска колешка, амбасадорката Елена Кузмановска. Од македонското МНР, со соопштение ја потврдија средбата и додаваат дека двете...

Иванов: Тајните архиви на Ватикан ќе бидат отворени за македонските истражувачи

Тајните архиви на Ватикан да бидат отворени за македонските истражувачи, договорил денеска претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на 40-минутната средба со папата Франциск во Ватикан. - Конечно, тајните архиви на Ватикан се отворени за нашите истражувачи. Значи, во најскоро време двајца наши истражувачи можат да дојдат, да го истражуваат сето она што досега не ни било достапно -...

Во Грција тивок оптимизам дека преодна влада би била поволен соговорник за компромис за името

Би можела ли потенцијалната преодна влада во Македонија да помогне да се раздвижат во позитивна насока врските со Грција? Весникот „Етнос“ пренесува оценки од грчкото министерство за надворешни работи дека преодната влада би можела да помогне да се направи чекор напред во преговорите за името и полесно да се дојде до формула што би била прифатлива и за двете страни. Сепак,...

Митов: Решението за името да не создаде дополнителни проблеми со другите соседи

Бугарскиот шеф на дипломатијата, Даниел Митов смета дека, потенцијалното решение за името не смее да се дозволи да создава проблеми со другите соседи на Македонија. Според Mитов, Грција има политичка волја за да се најде решение на спорот за името, меѓутоа формулата за решавање на проблемот до сега се покажала како неуспешна. Митов во интервју за грчкиот весник „То Вима“...

ЕУ и САД барале името бргу да се реши, Коѕиас имал „нови и храбри“ иницијативи

Шефот на грчката дипломатијата, Никос Коѕиас, подготвува нови храбри потези и иницијативи во преговорите за решавање на спорот за името. Ова го тврди грчкиот весник „Етнос“, кој пишува дека Коѕиас имал подготвено план за напредок во преговорите од јуни, чие спроведување доцниело поради септемвриските парламентарни избори. Наводно, САД и Европската унија барале 20-годишниот спор да се реши во следните месеци, за...

Грчката дипломатија загрижена поради американски притисоци за името

Спорот за името може да се најде на листата дипломатски приоритети на грчката влада есенва, поради силниот американски притисок. По враќањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина, грчките медиуми продолжуваат да пишуваат дека САД вршат, и ќе продолжат да вршат, активен притисок за решавање на спорот за името. Во тој дух во ноември, според „Етнос“, во Атина ќе пристигне американскиот...

Груевски: Македонија останува посветена на членството во НАТО и во ЕУ

„Република Македонија останува конструктивен и активен актер во регионалната стабилност. Главната цел на Македонија останува членството во НАТО и во ЕУ“, истакна премиерот Никола Груевски на генералното собрание на Обединетите нации, кое од 28 септември до 3 септември се одржува во Њујорк. - Сите реформи што се случуваат во Македонија се во тој дух. Без разлика на сите внатршнополитички случувања, не...

Грција од ноември со нови предлози за преговорите за името?

Американскиот државен секретар, Џон Кери, сугерирал дека Грција треба да се обиде од ноември да направи нови предлози во преговорите за името, пренесуваат грчките медиуми. Според информациите на телевизијата „Мега“, грчката страна одговорила позитивно, но истакнала дека овие обиди ќе бидат попусти ако македонската страна не покаже еднакво силна волја за компромис. На состанокот, наводно, било посочено дека не би...

Ципрас и Кери разговараа за спорот за името

Спорот за името меѓу Македонија и Грција се најде на агендата на средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на американскиот државен секретар Џон Кери. САД изразиле поддршка за наоѓање решение, додека грчката страна уверила дека постои волја за решавање на спорот во рамки на грчките црвени линии за сложено име. Според информациите од кабинетот на Ципрас, Кери изразил подготвеност...

Ципрас поради Македонија не отиде на состанокот за борба против ИД

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, поради Македонија, одби да присуствува на Генералното собрание на ОН, на клучен состанок за борбата против ИД. Ниту Ципрас, ниту шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, не се појавија на состанокот за борба против насилниот тероризам, организиран од американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Македонија на него учествуваше под уставното име. Извори од кабинетот на грчкиот премиер истакнаа дека...

Со швајцарска помош, Охрид ќе привлекува поголем број туристи

Македонскиот туристички центар Охрид ќе користи швајцарска помош за привлекување поголем број туристи. Помошта од швајцарската влада за развој на туризмот во Охрид, ќе оди преку имплементаторот – Свисконтакт, од Програмата за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ. За тоа денеска е потпишан меморандум со траење од четири години. ИМЕ-програмата, финансирана од швајцарската агенција за развој и соработка, ќе се фокусира на...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...