fbpx
Таг: име

таг: име

Брисел од Албанија бара брзо затворање на прашањето за имотите на малцинствата

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, упати апел, Албанија што побргу да ја затвори процедурата за враќање и за компензација на имотот на малцинствата, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“. Во одговор на прашањето на потпретседателот на Европскиот парламент, Димитрис Пападимоулис, во врска со проблемот околу имотот на малцинствата во Албанија, прашање кое е опфатено во последниот...

Обуки на жени претприемачи за подобрување на продажбата

Дури 50 жени претприемачи годинава ќе може да учествуваат во програмата за обуки за зголемување на продажбата, спроведувана во Македонија со швајцарски пари. Во досегашните обуки биле опфатени седум компании, кај кои биле забележани значителни подобрувања во работењето, односно зголемување на продажбата до 40 отсто, подобра организираност, намалување на работното време, а зголемување на профитот, како и дополнителни договори и...

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на Павлопулос за името на државата

Во отсуство на реакција на опозицијата и на државните институции, ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува изјавата на грчкиот претседател поврзана со името на нашата држава, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос. - Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно е смислена стратегија за зголемување...

Павлопулос: Грчкиот карактер на Македонија не може да се оспори и за него не се преговара

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос повторно од Солун настапи со радикален став дека Македонија е само грчка, третпат во рок од една недела. На годишнината од ослободувањето на градот и на прославата за светецот заштитник, Павлопулос отворено порача дека Солун е „чуварот на грчкиот карактер на Македонија“, кој не може да се оспори и за кој не се преговара. - Денот на...

Павлопулос повторно со радикална реторика за Македонија

Мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција и затоплените односи меѓу двете страни не го менуваат радикалниот став на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос. Павлопулос од Воден, на денот на ослободувањето на градот, уште еднаш отворено посочи дека Македонија била е и ќе остане грчка. Како што пренесува грчката информативна агенција АПЕ, Павлопулос, кој денес беше прогласен за почесен граѓанин на...

Коѕиас не отстапува од ставот дека „кумот го згрешил името на Македонија“

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, не го менува ставот дека „кумот го згрешил името на Македонија“. Откако настапи со истата позиција пред неколку недели во интервју за весникот „Катимерини“, Коѕиас одново го повтори овој свој став во интервју за радиото „Алфа“, говорејќи за грчката надворешна политика, актуелните односи со македонската страна и за мерките за градење доверба. Коѕиас...

Аманатидис: Добри врски не се градат со иредентизам и со фалсификување на грчката историја

Во Македонија сè уште не се созреани условите за да се прифати суштински компромис со Грција околу спорот за името, смета грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис. Одговарајќи на пратенички прашања од Златна зора и од Унијата на центристи околу наводните информации во грчките медиуми дека Грција почнала да ги признава македонските пасоши, Аманатидис објaсни дека грчката влада не направила никаква...

Иванов во ОН: Јас сум Македонец и сакам сите да нè почитуваат како Македонци

„Неодлучноста на Европската Унија и на НАТО да ја деблокираат интеграцијата на Република Македонија беше една од главните причини за постојаната внатрешно-политичка криза во Македонија што кулминираше оваа година. Последиците од блокадите станаа причини за нови блокади. Балканските држави наивно веруваа дека некој од надвор ќе им ги реши проблемите. ЕУ очигледно ја нема таа моќ“, рече претседателот на...

В петок средба Коѕиас – Нимиц во Њујорк

Грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас в петок во Њујорк ќе има средба со посредникот во спорот за името Метју Нимиц, јави грчката телевизија ЕРТ. Иако во официјалната агенда на Коѕиас за средбите во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации не е најавена средбата, сепак извори од грчкото министерство за надворешни работи за ЕРТ потврдиле дека министерот ќе се...

Ксидакис: Односите меѓу Скопје и Атина постојано се подобруваат

Никос Ксидакис, заменик-шеф на грчката дипломатија, смета дека климата меѓу Македонија и Грција постојано се подобрува, особено поради мерките за градење доверба. Во интервју за првата програма на грчкото државно радио, ден по посетата на министерот за надворешни работи, Никoс Коѕиас, на Скопје, Ксидакис говореше оптимистички и позитивно за односите меѓу двете држави и за можноста за надминување на...

Остри тонови од грчките десничари до македонската влада за спорот за името

Лидерот на грчката десничарска партија Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, од Европскиот парламент порача дека Грција ги има направено неопходните чекори за да се најде решение за името и дека тоа треба да го направи и владата во Македонија. Одговорајќи на прашања на европските пратеници во рамки на состанокот на Европската народна партија во врска со спорот за името, Мицотакис посочи дека...

Германија бара брзи избори и техничка влада

Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка! Ова пред членовите на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг претпладнево го презентираше Михаел Рот, државен секретар во германското МНР, пренесе „Сакам да кажам“. Како што вели за порталот, Торстен Фрај, член на Комисијата и пратеник од редовите на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, извесно олеснување донесе повлекувањето на аболицијата, со што е исполнет...

Бакојани бара Коѕиас да објасни која е црвената линија на грчката влада за името

Екс шефицата на грчката дипломатија и пратеник на Нова демократија, Дора Бакојани бара објаснување од грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за грчките позиции околу спорот за името со Македонија. Барањето доаѓа по кавгата во неделата меѓу Бакојани и министерот за одбрана Панос Каменос, кој тврди дека грчката национална позиција за името е поставена во 90-те и не дозволува...

Коѕиас и Нимиц разговараа за спорот за името и за мерките за градење доверба

Шефот на грчката диломатија, Никос Коѕиас, се сретна со посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. На вчерашната средба во Луксембург, каде Коѕиас од денеска учествува на Советот за надворешна политика на Европската Унија, тие разговарале за насоката во која се движат преговорите за името. Како што информираа од грчкото министерство за надворешни работи, Коѕиас го информирал Нимиц за ставовите и за...

Павлопулос: Со односот кон бегалците, Македонија не заслужува да е во ЕУ и во НАТО

Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, остро ги осуди инцидентите на Идомени и оцени дека со насилниот однос кон бегалците, Македонија покажала дека не заслужува да биде членка ниту на ЕУ ниту на НАТО. Павлопулос на денешната средба со португалскиот премиер Антонио Коста говореше за начините на кои ЕУ треба да се справи со бегалската криза и го искористи моментот повторно да...

Не би имал проблем ако името биде само Македонија, вели грчки пратеник

Пратеникот на СИРИЗА, Макис Балаурас одново ги разгоре страстите во Грција околу спорот за името. Само две недели по случајот со министерот Јанис Музалас кој во телевизиско интервју нашата држава ја именуваше како Македонија, Балаурас денеска во интервју за радиото „Параполитика“ истакна дека лично не би имал проблем да останеме именувани само како Македонија, без никакви географски одредници. - Не...

За гафот со „Македонија“, се бара линч на министерот Музалас и виси целата грчка влада

Грчката влада ненадејно се најде пред нова внатрешна криза поради  именувањето на нашата држава како Македонија. Грчкиот министер за миграција Јанис Музалас доцна ноќеска во телевизиско интервју, говорејќи за бегалската криза, наместо Скопје или БЈРМ, ја именуваше нашата држава како Македонија, гест што предизвика итно барање за негова оставка од коалицискиот партнер на СИРИЗА, Независни Грци и од опозициската Нова...

„То вима“: Австрија ќе ѝ помогне на Македонија околу спорот за името заради соработката околу бегалците

Постои ли договор Австрија да ѝ помогне на Македонија околу спорот за името за да ѝ возврати за помошта околу бегалската криза? Грчкиот весник „То вима“ тврди дека Австрија ѝ понудила на Македонија да помогне околу спорот за името како благодарност за одржување на посуштинска соработка со нашата држава околу справувањето со протекот на бегалци кон Европа. Весникот оценува дека овој...

Шекеринска: Кој преговара за името во име на Македонија?

„Веќе никој не знае кој сè преговара во име на Република Македонија!“, реагираат од СДСМ, по посетата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Атина. - Во „Вистината за Македонија“ чувме дека тоа е бизнис-партнерот на Груевски. Сега преку партиски соопштенија читаме дека тоа се неговите коалициски партнери. Опасно несериозен однос за едно од најсериозните прашања за Македонија и за...

Грчкото МНР твитна: Ахмети од ДУИ се сретна со Коѕиас

Денеска во Атина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Средбата Коѕиас-Ахмети почна во 12 часот по локално време во грчкото МНР, кое, пак, средбата ја најави преку соопштение само еден час пред нејзиниот почеток. Грчкото МНР на својот официјален твитер-профил сподели фотографија и текст: „Министерот за надворешни работи Коѕиас на средба со...

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...