fbpx
Таг: име

таг: име

Ципрас за средбата со Заев: Се направија чекори за приближување, имаше и знаци на разбирање

Се направија некои чекори за приближување, имаше знаци на разбирање и добра волја, изјавил грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос за развојот на настаните во македонско-грчките односи, јавува Македонската информативна агенција (МИА). - Прашањата за иредентизмот се прашања што треба да станат приоритет при решавањето на проблемот со името. Мислам дека е позитивна, и знак на добра...

Единствена Македонија: Заев по стапките на Глигоров

Единствена Македонија, партијата на Јанко Бачев, која претходно се викаше НДМ, е изненадена од определбата на Зоран Заев за повторно враќање на штетната тактика на екстремна кооперативност во спорот за името, што ја применуваше поранешниот претседател Киро Глигоров, се вели во соопштението на партијата. „Вчера во Давос, Заев тргна по стапките на Глигоров и брзопотезно се согласи за промена на името...

Наскоро лидерска средба кај Иванов за името

Лидерите на политичките партии наскоро ќе се сретнат со претседателот Ѓорге Иванов за да разговараат за рамката за решението на спорот со името, кој нашата држава го има со Грција, информираше денеска портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски. - Владата го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот Метју Нимиц. Очекуваме да изградиме широк национален консензус....

Коѕиас: Разговорите во Давос ќе покажат во која насока се движиме

Разговорите за одредени теми, в среда во Давос ќе покажат каде се движиме, одговорил министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас на новинарско прашање за решавање на спорот за името, јавува Македонската информативна агенција (МИА). „Никој не не притиска, ниту пак дозволуваме некој да не притиска. Се разбира, грчката дипломатија го користи притисокот што го има другата страна, за да...

Димитров денеска ќе се сретне со Коѕиас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, информираат од Министерство за надворешни работи. Од таму додаваат дека „во фокусот на разговорите ќе бидат прашања од билатерален интерес, како и понатамошно зајакнување на мерките за градење доверба.“ Местото на средбата помеѓу Димитров и Коѕиас не е соопштено. Синоќа, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи,...

Османи: Постои консензус терминот Македонија да се најде во можното решение за спорот за името

Постои консензус, терминот Македонија да го има во која било варијанта во решавање на спорот за името, Грција го прифаќа тоа, но се уште не треба да влегуваме во таа расправа, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија „24“, по неговото враќање од Атина и средбите со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас и со заменик-министерот...

Беса и е потребна на политичката сцена во Македонија, порача Мицкоски

Во врска со расколот во Движењето Беса, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача што побрзо обединување, бидејќи како што кажа, политички субјект како оваа партија и е потребна на политичката сцена во Македонија. - Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, можам да кажам дека партијата е обединета и сплотена - изјави Мицскоски, по присуството на божикната литургија во „Св.Климент Охридски“. Тој повика и...

Заев на средба со Наумовски, пред почетокот на циклусот состаноци со Нимиц на 11 декември

Премиерот Зоран Заев денеска одржал консултативна средба со амбасадорот Васко Наумовски, кој е специјален пратеник во разговорите кои се водат за проблемот што Грција го има со нашето уставно име, под покровителство на Обединетите нации, информираат од Владата. Тие се координирале за претстојните активности, односно пред новиот циклус разговори кои треба да почнат со посредникот Метју Нимиц на 11 декември. „На оваа средба, на која...

Заев планира посета на Атина на почетокот на 2018 година

Премиерот Зоран Заев, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, најави дека на почетокот на следната година планира да ја посети Атина. Тој рече дека во тој период ја планирал посетата на Атина за да се сретне со премиерот Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас, но и со грчки пратеници. Заев во интервјуто вели дека за државата не постои друга алтернатива од влез...

Груевски: Заев е донесен на власт да го реши спорот за името како што сака Грција

Зоран Заев е донесен на власт да го реши спорот за името така како што сака Грција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за телевизија „Сител“. Тој рече дека се чека да завршат локалните избори за да почнат конкретни преговори. - Главната цел зошто се донесени на власт како поразени на изборите во декември 2016 година е да се реши спорот...

Заев: Предлози за името очекувам догодина, сега не разговараме за суштински прашања

Во моментов градиме пријателски односи со Грција и ја зајакнуваме довербата помеѓу двете страни за да бидеме пријателски настроени за моментот кога ќе треба да се решава сериозниот проблем за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги сподели впечатоците од учеството на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. За спорот во врска...

Коѕиас оценил дека преку „пакет-преговори“ може да се реши спорот за името

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, по завршувањето на 72. Генерално собрание на Обединетите нации ги брифирал грчките новинари за решението за проблемот за името со Македонија. Според пишувањата на грчките медиуми, тој кажал дека прашањето за името има четири дела, односно името и употребата на името, две прашања кои биле во надлежност на преговорите на Метју Нимиц, и изведените...

Османи ќе му го претстави планот „3-6-9“ на Коѕиас

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, утре ќе биде во официјална посета на Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Од МНР велат дека посетата на Коѕиас е продолжение на дијалогот помеѓу двајцата министри, во рамки на кој се опфатени перспективите на билатералната соработка помеѓу двете земји, како и други прашања од заемен интерес. Димитров денеска...

Дачиќ: Како ќе се однесувате вие со Србија, така ќе се однесуваме ние со вас

Како вашата држава ќе се однесува кон Србија, така и ние ќе се однесуваме кон вас, изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, пренесува „Вечерње новости“. - Повеќепати им кажав на македонските претставници: Како вашата држава ќе се однесува кон Србија на меѓународната политичка сцена и во организациите, така и ние ќе се однесуваме кон вас - изјави Дачиќ, кој...

ВМРО-ДПМНЕ: Конфузна и незрела изјава на Димитров предизвика лавина реакции

„Една конфузна и незрела изјава на новиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во „Фајненшл тајмс“, предизвика лавина реакции во меѓународните медиуми кои сериозно ги подриваат тешко градените позиции во спорот со Грција“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „Фајненшл тајмс“, „Гардијан“ и „Тагесцајтунг“ се само дел од влијателните светски медиуми што пишуваа дека Македонија...

ВМРО-ДПМНЕ: Коѕиас не придонесува за надминување на спорот за името

„Република Македонија ги исполни сите услови за членство во НАТО уште во 2008 година на самитот во Букурешт. Само поради непринципиелната блокада од страна на Грција, Македонија не е членка на НАТО“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, кој уште еднаш повтори дека грчката влада не отстапува од...

Коѕиас: Грчката влада не отстапува од ставот за името и нема да потклекне на притисоци

„Грчката влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на БЈРМ во НАТО под привремената референца, како што интензивно периодов се слуша од различни политички и медиумски извори и во двете држави“, изјавил шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во својот говор во Кожани. „Сега, кога работите се стабилизираа, повторно ќе дојдат некои европски политичари и...

Пломп: Прв приоритет на новата Влада треба да биде подобрување на животот на граѓаните

„Новата Влада треба да ги одреди своите приоритети, но ако ме прашувате мене, јас би рекол дека првиот приоритет треба да биде подобрување на животот на сите граѓани во државата“, вели амбасадорот на Холандија во Македонија, Ваутер Пломп, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. Како приоритети, амбасадорот исто така ги спомна и владеењето на правото, отчетноста, инклузивноста и генерално спроведувањето...

Коѕиас: Никој не може да ја притисне Грција да отстапи од ставот во спорот за името

Јасна порака дека Грција ја поддржува стабилноста во Македонија, но нема да отстапи од своите барања во спорот за името под никакви меѓународни притисоци, испрати шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во интервју за грчкиот весник „Риал њуз“. Говорејќи за ситуацијата во Македонија и за информациите дека грчката дипломатија се подготвува за нови силни притисоци од меѓународната заедница за решавање на спорот...

Жените претприемачи полесно до финансии преку програмата ИМЕ

Жените претприемачи ќе можат да си го олеснат пристапот кон финансии и да ги зголемат продуктивноста, конкурентноста и квалитетот на своите компании преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Жаклина Гештаковска-Алексовска, експерт за родови прашања во рамките на ИМЕ, истакна дека од сите претпријатија во Македонија 30 отсто се во сопствеништво на жени,...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...