fbpx

Грчкото МНР твитна: Ахмети од ДУИ се сретна со Коѕиас

-

Денеска во Атина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. Средбата Коѕиас-Ахмети почна во 12 часот по локално време во грчкото МНР, кое, пак, средбата ја најави преку соопштение само еден час пред нејзиниот почеток.

Грчкото МНР на својот официјален твитер-профил сподели фотографија и текст: „Министерот за надворешни работи Коѕиас на средба со делегација на албанската партија од ФИРОМ, ДУИ, претседателот Ахмети и господата Џафери и Бесими“.

На средбата не присуствува македонскиот амбасадор во Атина, но ни друг претставник од амбасадата.

Причината за отсуството на официјалните македонски дипломати во Атина за средбата е фактот што за посетата на Ахмети, ниту ДУИ ниту, пак, од канцелариите на вицепремиерите Бесими и Џафери воопшто не се обратиле и не го информирале ни македонското Министерство за надворешни работи, ниту, пак, канцеларијата за врски на Македонија во Атина.

Како што соопштија од ДУИ, Ахмети и Коѕиас ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија. Ахмети е придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, и од вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.
Министерството за надворешни работи, пак, вчера за „Мета“ соопшти дека не дало поддршка на патувањето на функционерите на ДУИ во Атина.

Во соопштението од ДУИ се вели дека ова не е прва посета на нивниот лидер и на владини функционери на Атина ниту, пак, е прва средба на Ахмети со министер за надворешни работи на Грција.

„На средбата ќе се дискутира единствено за спорот за името и за конкретните идеи. Наредниот период, додека Македонија има преодна влада, е најдобар за да се направи поместување во спорот за името“, стои во соопштението од ДУИ.

Грчки извори за „Мета“ коментираа дека посетата на Ахмети е на негова иницијатива во рамки на неговите напори да се одржат контактите со меѓународната јавност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...