fbpx

Со швајцарска помош, Охрид ќе привлекува поголем број туристи

-

Македонскиот туристички центар Охрид ќе користи швајцарска помош за привлекување поголем број туристи.

Помошта од швајцарската влада за развој на туризмот во Охрид, ќе оди преку имплементаторот – Свисконтакт, од Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. За тоа денеска е потпишан меморандум со траење од четири години.

ИМЕ-програмата, финансирана од швајцарската агенција за развој и соработка, ќе се фокусира на развој на конференциски и на авантуристички туризам во Охрид и на тој начин ќе се обиде да привлече повеќе туристи и да обезбеди нивен подолг престој.

– Со помош на програмата ИМЕ, се воспоставени контакти со најважните тур-оператори од Швајцарија за да се зголеми бројот на странски туристи што престојуваат во Охрид. Владата на Швајцарија, исто така, ќе ја поддржи и првата регионална конференција за авантуристички туризам, која ќе се одржи во Охрид во мај 2016 година. Во тој период Охрид ќе биде место каде ќе се сретнат повеќе од 300 најважни тур-оператори од целиот свет и ќе претставува одлична можност за промоција на Охрид и за склучување договори за соработкa – рече при потпишувањето на меморандумот, амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Стефано Лазарото.

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, истакна дека крајната визија на ваквата соработка треба да биде целосно искористување на богатите културни и природни ресурси на охридскиот регион, како туристичка дестинација.

– Со документот што го потпишавме, предвидена е активна соработка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, односно Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, со Универзитетот „Сент Гален“ од Швајцарија во временскиот период до април 2019 и формирање тело што ќе ја координира локалната работна група за подготовка за дестинациски менаџмент – рече Бакрачески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...