fbpx

Павлопулос: Само неразумните се сомневаат во грчкиот карактер на Македонија

-

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос смета дека само неразумните би можеле да мислат дека Македонија му припаѓа на некој друг освен на Грција. Грчкиот претседател, на денешната средба со претставниците на Регионалната унија на општини од Централна Македонија, во претседателската палата испрати јасна порака дека никој не смее да се сомнева во тоа дека историската Македонија јасно ѝ припаѓа на Грција.

Ова беше прва индиректна порака и јасно обелоденување на неговите ставови во врска со спорот за името, кои може да се протолкуваат како јасно десничарски ако се земе предвид дека доаѓа од редовите на десничарската Нова демократија.

Изјавата на грчкиот претседател за силниот грчки карактер на Македонија дојде откако претставниците на Унијата му подарија плакета со амблемот на Унијата со ликот на Александар Македонски и со сонцето од Вергина, како и мало симболично парче од мозаикот во Амфиполис, истакнувајќи дека сите овие симболи се гласен знак и порака дека македонската земја е дел од Грција и историски и сега.

– Само неразумните и оние кои не знаат историја може да се сомневаат во грчкиот карактер на Македонија – истакна Павлопулос.

Претставниците на општините побараа поддршка од грчкиот претседател за да се продолжат археолошките ископувања во Амфиполис, забележувајќи дека според археолошките прогнози и процени, таму постои големо богатство кое би било корисно за Грција од повеќе аспекти.

– Археолозите велат дека постои многу големо богатство кое ќе може да ја засили грчката позиција и да помогне при справувањето со националните прашања, но и за економската и развојната политика на државата – истакна Симеон Данилидис, заменик-претседател на Унијата.

Согласувајќи се со него, Павлопулос додаде дека Амфиполис има неисцрпно богатство и историја како место, на што укажуваат и досегашните работи и археолошки ископувања.

Позицијата на Павлопулос е индиректен сигнал дека треба да се намалат очекувањата дека тој би направил нешто повеќе или некои поконкретни чекори од неговиот претходник Каролос Папуљас, кој не прифати ниту еден предлог за средба со неговиот македонски колега.

Претседателот Павлопулос вчера имаше средба и со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, кој го информираше за напредокот на прашањата околу грчката надворешна политика, но двајцата политичари се воздржаа од детални изјави околу тоа што било разговарано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...