СИРИЗА веднаш ги потврди црвените грчки линии за името

-

СИРИЗА одлучи да ја сподели историската шанса за левицата да владее со Грција со екстремно десничарската партија Независни Грци. Иако овој политички брак беше очекуван и најавуван поради истите ставови против поликата за штедење на СИРИЗА и на Независни Грци, сепак покрена голем број прашања и дилеми.

Сепак, двете партии веднаш се согласија околу прашањето на името.

По изјавата на Теренс Квик портпаролот на Независни Грци дека ќе се замрзне привремено процесот за преговарање за името поради итните економски прашања, медиумите јавуваат дека СИРИЗА и нејзиниот коалициски партнер веќе постигнале договор околу прашањата од надворешната политика.

„Извори од Независни Грци велат дека СИРИЗА ќе ги почитува црвените линии на партијата за надворешната политика и за националните прашања“, пренесува весникот „Та неа“, кој изутринава првпат излезе со црвена насловна страна наспроти досегашната сина.

Панос Каменос досега многупати јасно има посочено дека „нема да дозволи некој да ја продаде Македонија“ и да ни го отстапи нам, како држава, ова историско име, поради што дел од аналитичарите кои го следат спорот, коментираат дека со него во влада СИРИЗА веројатно ќе гледа што помалку да го отвара ова прашање бидејќи секој обид за чекор напред може да наиде на отпор од Независни Грци.

Големите реакции за овој политички брак се очекуваат откако Ципрас ќе ја фомира владата и ќе ја претстави нејзината програма, што се очекува да се случи следните неколку дена.

Новинарските и аналитичарските кругови коментираат дека оваа ситуација била очекувана, но, сепак, комбинацијата е тешка да се прифати со оглед на минатото на Каменос. Се покреваат голем број прашања околу тоа како може левичарска партија со прогресивни ставови за голем број прашања, како имиграцијата, надворешната политика, правата на ЛБГТ-заедницата, цивилниот брак…, да соработува со партија со радикални ставови за националните прашања и конзервативни ставови по другите теми.

– Заедницата против мерките за штедење е над сè. Разликите за прашања како имиграција и надворешна политика се важни, но не се толку важни како договорот против „тројката“ – објаснува грчкиот аналитичар Јоргос Ѕогопулос.

Оцените се дека двете партии се зближени со популистичките ветувања и со желбата по секоја цена да се формира влада, па можно е да замижат за некои прашања околу кои не се согласуваат, иако тие остануваат отворени и проблематични за Грција.

Она што го коментираат сите медиуми е дека Ципрас, покрај историската шанса, има и огромна одговорност која паѓа на негови плеќи за да ги одржи ветувањата до грчкиот народ дека ќе донесе надеж за спас, за покомотна финансиска иднина и подобри услови за живот, паралелно со обврската за преговарање за грчкиот долг без при тоа да ја втурне Грција во неизвесност и во опасност за нејзината иднина.

М.П.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...