fbpx
Таг: Грција

таг: Грција

Земјотрес го затресе Крит – нема жртви

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди областа источно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичката опсерваторија во Атина. Засега нема информации за жртви, ниту дали земјотресот причинил значителна материјална штета. Епицентарот бил во морето, на 29 километри јужно од малиот остров Касос. Земјотресите се чести во Грција, а годишно се регистрираат околу илјада.

ЕУ: Предлозите на Атина не се доволни

Новиот предлог за реформи што грчките власти го доставиле до меѓународните кредитори не е доволен за да се постигне договор за уплата на новите средства за земјата, соопштија денеска претставници на ЕУ. - Тоа што е доставено не е доволно за да тргне процесот напред - соопшти неименуван претставник од Брисел за „Ројтерс“. Портпаролката на Европската комисија, Маргарита Шинас, изјави дека ова тело ги...

Земјотрес го погоди грчкиот остров Евија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, утринава ја потресе Атина, но засега нема информации за жртви или материјална штета. Институтот за геодинамика во Атина соопшти дека епицентарот на земјотресот, кој се случил околу 4 часот, бил во заливот меѓу островот Евија и копнениот дел на Грција, 80 километри северно од Атина. Грчката Агенција за цивилна заштита соопшти дека...

Откриени 18 илегални мигранти во товарен воз

Патролен тим од полициската станица за гранично надгледување и граничниот премин Богородица, во саботата викендов, откриле 18 илегални мигранти, сокриени во камионска приколка, товарена на еден од вагоните на товарниот воз, кој сообраќал на линијата од Солун до Ламбах, Република Австрија, соопшти МВР. Mигрaнтите, како што стои во соопштението на МВР, биле откриени „при извршување на зајакнато обезбедување на државната...

Продолжува грчкиот трилер и заканите за избори

Нови клучни средби со клучни европски функционери ја очекуваат грчката влада оваа недела. Во тркa со времето, грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, денеска ќе се сретне со неговиот строг германски колега, Волгфанг Шојбле. Два дена подоцна, в среда, Алексис Ципрас ќе се соочи тет-а-тет со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, со кои имаше...

Ципрас на итна средба кај Јункер

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска заминува на ненадејна средба во Брисел со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Средбата на која ќе се разговара за итната потреба од решение за Грција беше договорена доцна синоќа во телефонски разговор меѓу Јункер и Ципрас. Претседателот на Комисијата побарал од Ципрас да допатува во Брисел за да се разгледа грчкиот предлог за...

Грција во трка со времето

Европската Унија и САД праќаат нови пораки и апел до Грција да се забрзаат преговорите и да се дојде до конечен договор. На синоќешната средба на силната европска тројка, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер, според светските медиуми, присуствувале и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, и првиот човек...

Павлопулос: Само неразумните се сомневаат во грчкиот карактер на Македонија

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос смета дека само неразумните би можеле да мислат дека Македонија му припаѓа на некој друг освен на Грција. Грчкиот претседател, на денешната средба со претставниците на Регионалната унија на општини од Централна Македонија, во претседателската палата испрати јасна порака дека никој не смее да се сомнева во тоа дека историската Македонија јасно ѝ припаѓа на...

Албанскиот премиер ја изнервира Атина

Албанскиот премиер Еди Рама го крена притисокот во Атина со изјавата да се почнат нови преговори меѓу Атина и Тирана за договарање на морската граница. Изјавата на Рама од Белград, во која тој истакна дека имаат право да прашуваат за барањето гас во Јонско Море и подвлече дека Албанија не планира да преговара за алабанските национални интереси во знак на зачувување...

Меркел: Има уште многу до постигнување договор со Грција

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Рига, изјави дека останува уште многу да се направи за да се избегне финансискиот колапс на Грција. Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на маргините на Самитот за Источното партнерство, околу два часа разговараа со Ципрас. Оланд по состанокот изјави дека на оваа средба не било планирано да се...

Македонски државјани уапсени за продавање дрога во Грција

Двајца македонски државјани се уапсени во Грција за внесување и за продавање дрога и за поседување фалсификувани пари. Македонските државјани, на возраст од 46 и од 36 години, биле уапсени во Лерин во рамки на стандардните полициски акции и проверки. При проверката, полицијата кај двајцата нашла 183 грама хероин, дрога која била внесена од Македонија во Грција. По наоѓањето на хероинот,...

Грчки европратеници: Случувањата во Македонија се доказ за недостиг од демократија во државата

Грчката десничарска партија Нова демократија ја искористи македонската политичка криза за да ги реафирмира нејзините позиции и да истакне во Европската унија дека во Македонија навистина има недостиг од демократија. Европратениците на Нова демократија, Марија Спираки и Манолис Кефалојанис, подвлекувајќи ги случувањата во Куманово и насилството на протестите во Скопје, упатија заедничко прашање до Европската комисија со кое бараат таа внимателно да ги анализира работите...

Генералниот секретар на НАТО им се извини на Грците за „Македонија“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ѝ се извини на Грција за користењето на името „Македонија“ наместо референцата БЈРМ на последниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. Столтенберг образложил дека не било намерно именувањето на Македонија под уставното име, туку случајна грешка. Како што информираат грчки дипломатски извори, Столтенберг се извинил на состанокот со грчкиот постојан претставник во...

Трите прста од митингот на Груевски ги навредиле Грците

Собирот на Никола Груевски беше полн со провокации и со навреди против Грција. Ова го пишува грчкиот весник „Прото тема“, анализирајќи го собирот на приврзаниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според весникот, премиерот Никола Груевски и преку овој собир покажува дека се обидува да поентира на националистичката карта и така да се одржи на власт. Бројните знамиња со сонцето од Вергина и...

Штрајк во државните болници во Грција

Лекарите, медицинските сестри и персоналот на итната помош на државните болници на Грција и на здравствените домови денеска почнаа 24-часовен штрајк во знак на протест поради недостигот од персонал и недоволното финансирање на здравството, како и поради доцнењето на платите предизвикано од финансиската криза во Грција. Болниците работат со минимален персонал, а повеќето од вработените денеска ќе протестираат пред Министерството за...

Грците нервозни: Столтенберг четирипати рече „Македонија“

Именувањето на Македонија под уставното име од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предизвика реакции во Грција. Грчките претставници на заедничкиот состанок на министри за надворешни работи и за одбрана на ЕУ реагирале веднаш штом Столтенберг почнал да нè именува „Македонија“. Грција планира да испрати протестна нота од постојаното претставништво на Грција во НАТО до генералниот секретар за да реагира за оваа...

Гувернерот на Германија ги критикуваше мерките на ЕЦБ

Гувернерот на германската централна банка, Јенс Вајдман, го критикуваше неделното зголемување на обемот на Итниот фонд за зачувување на ликвидноста (ЕЛА) во грчките банки. - Имајќи ја предвид забраната за монетарно финансирање на владата, сметам дека не е в ред на банките кои немаат пристап до пазарите да им се одобрат заеми кои потоа се финансираат со владини обврзници од...

ММФ ги подготвува балканските подружници на грчките банки за банкрот?

Грчките медиуми, повикувајќи се на весникот „Вол стрит џурнал“, јавуваат дека ММФ ги подготвува државите од Југоисточна Европа каде има грчки банки за справување со евентуален грчки банкрот. Според информацијата, ММФ ги советува и разменува мислења со Бугарија, Македонија, Романија, Албанија и со Србија за тоа какви мерки да се преземат за да се избегнат можни последици во грчките...

Грчката влада ќе го зголеми данокот за туристички услуги

Грчката влада планира да го зголеми данокот за туристички услуги до 18 проценти. Доколку се усвои предлогот, ДДВ на цените во рестораните ќе се зголеми од 13 на 18 проценти, а во хотелите од 6,5 на 18 проценти. Иако туристичките работници во Грција остро реагираа на овие најави, речиси е извесно дека овие предлог-мерки ќе бидат усвоени. Грчкото Министерство за финансии...

Русија ќе го ублажува ембаргото кон Унгарија, Грција и кон Кипар

Москва е подготвена да го ублажи ембаргото за увоз на прехранбени производи од Унгарија, Грција и од Кипар, под услов овие земји да не го поддржат продолжувањето на санкциите на ЕУ кон Русија. Инспекторите на Федералната ветеринарна и фитосанитарна инспекција на Русија посетиле 37 претпријатија од овие земји и заклучиле дека нивните производи се прифатливи за рускиот пазар. - Ветеринарните власти...

Повик до Германија да го забрза признавањето на квалификациите на странските лекари

На лекарите од странство кои сакаат да работат во Германија треба побрзо да им се признаат квалификациите, соопшти Германското лекарско здружение, пренесе германската новинска агенција дпа. „Несомнено постои веројатност за...