Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди областа источно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичката опсерваторија во Атина.
Засега нема информации за жртви, ниту дали земјотресот причинил значителна материјална штета.
Епицентарот бил во морето, на 29 километри јужно од малиот остров Касос.
Земјотресите се чести во Грција, а годишно се регистрираат околу илјада.