fbpx

Путин на средба со папата Франциск во Ватикан

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе отпатува во Ватикан на средба со шефот на Римокатоличката црква, папата Франциск, со кој ќе разговара за голем број прашања – од ситуацијата во Украина, па сè до ситуацијата на Блискиот Исток, изјави денеска советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.

– Двајцата официјални претставници ќе разговараат за „голем број билатерални и меѓународни прашања, особено за ситуацијата во Украина, фокусирајќи се на меѓуверските односи и на активностите на украинските католици. Се разбира, тие ќе разговараат и за ситуацијата на христијаните на Блискиот Исток и за потребата да се заштитат нивните интереси – изјави Ушаков.

Советник на рускиот претседател, исто така, рече дека не верува оти ќе се разговара за можната посета на папата Франциск на Русија затоа што тоа не е само државно прашање, туку и прашање за руската црква.
Ушаков, исто така, потсети дека ова ќе биде втора средба на Путин со папата Френциск, со кого претходно се сретнал во ноември 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...