fbpx

Гувернерот на Германија ги критикуваше мерките на ЕЦБ

-

Гувернерот на германската централна банка, Јенс Вајдман, го критикуваше неделното зголемување на обемот на Итниот фонд за зачувување на ликвидноста (ЕЛА) во грчките банки.

– Имајќи ја предвид забраната за монетарно финансирање на владата, сметам дека не е в ред на банките кои немаат пристап до пазарите да им се одобрат заеми кои потоа се финансираат со владини обврзници од нивните земји, кои, исто така, немаат пристап до пазарите – рече Вајдман за германскиот весник „Ханделсблат“.

Европската централна банка кон крајот на минатиот месец го зголеми обемот на фондот ЕЛА за 1,4 милијарда евра, па на грчките банки на располагање им се вкупно 76,9 милијарди евра.

Грчките банки зависат од ЕЦБ, но централната банка на еврозоната повеќе не прифаќа државни обврзници од Атина како колатерала за доделување позајмици. Претходно тоа го правеа под посебен механизам, но таа програма е укината сè додека грчката влада не постигне договор со своите меѓународни кредитори.

Без тој механизам, грчките банки се потпираат само на вонредната помош за ликвидност, што е многу поскапо од вообичаените операции на централните банки за рефинансирање.

На грчките банки очајнички им се потребни средства за одржување на ликвидноста, затоа што од почетокот на декември минатата година, па до крајот на февруари годинава, поединци и претпријатија повлекле 25 милијарди евра од банкарските сметки во страв дека државата ќе банкротира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...