fbpx
Таг: Грција

таг: Грција

Варуфакис, ѕвезда на првомајските протести во Атина

Масовни граѓански протести се во тек во Атина во знак на одбележување на Први мај, Денот на трудот. Илјадници граѓани организирани од големите работнички синдикати, ги исполнија улиците на грчката претстолнина за да побараат подобри работнички права, крај на работничките притисоци и на финансиската криза и подобрување на општата економска ситуација во Грција. Покрај огромната маса граѓани, на протестот беа присутни бројни...

Грција ќе ги интензивира обидите за договор со кредиторите

Грчката влада со оптимизам очекува дека до недела ќе успее да постигне договор со европските партнери. Според информациите во Атина, извори од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас изјавиле дека тој ќе ги интензивира преговорите и контактите со европските партнери за да издејствува напредок и договор до недела. Оцените во Грција се дека реконструкцијата на преговарачкиот тим и менувањето на Јанис Варуфакис од главен преговарач,...

Кредиторите утре ќе ги разгледаат предлог-мерките на Грција

Претставниците на Грција и меѓународните кредитори утре ќе ги разгледуваат нацрт-реформите за кои Атина се надева дека ќе бидат одобрени и ќе овозможат пуштање на неопходните заеми. Нацртот би требало да опфаќа мерки кои ги предложи министерот за финансии, Јанис Варуфакис, за време на преговорите со кредиторите, кои се одолжија повеќе од три месеци и предизвикаа страв дека Грција нема...

Одговорите на предлог-мерките ќе се знаат идната недела

Грција и Македонија наскоро ќе ги разменат одговорите за предлог-мерките за градење доверба, соопшти македонското Министерство за внатрешни работи. „Разменети се предлозите, а наскоро ќе се разменат одговорите од двете страни околу тоа кои предлози се прифатливи. Потоа ќе се пристапи кон примена на мерките за градење доверба, кои се прифатливи и за Македонија и за Грција“, соопштија од МНР,...

СИРИЗА со големо водство пред Нова демократија

Грчката владејачката партија СИРИЗА сè уште води со значителна предност пред десничарската Нова демократија. Две нови мерење на јавното мислење, едното анкета за весникот „То вима“, другото за неделното издание на „Прото тема“, покажуваат дека независно од проблемите со европските партнери, рејтингот на СИРИЗА во споредба со тој на Нова демократија не опаѓа. Според анкетата на „То вима“, СИРИЗА има...

Битолскиот хор „Ад либитум арт“ учествуваше на фестивал на мјузикли во Солун

Битолскиот хор „Ад либитум арт“ настапи на Петтиот светски фестивал на хорски мјузикли во Солун. Под диригентската палка на Екатерина Јосифовска, на фестивалот посветен на музика од мјузикли, во пријателска разиграна атмосфера, во преполна концертна сала на Универзитетот „Аристотел“, битолскиот хор настапи со изведба на делови од мјузиклите „Њујорк, Њујорк“ (New York, New York) и „Кралот лав“ (The Lion...

Алекс Рондос пред кривичниот суд за проневера на девет милиони евра

Мистериозниот грчки дипломат Алекс Рондос, со кој се поврзани шпекулации за тајна дипломатија со македонската влада за спорот за името, ќе биде изведен пред суд под обвинение за проневера на девет милиони евра од грчкото Министерство за надворешни работи. Се работи за корупциски скандал кој ја потресе Грција минатата година. Според обвинението, преку невладината организација „Интернешнл мајн инишијатив“, која работела...

Коѕиас: САД ќе понудат алтернатива за рускиот гасовод

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, најави дека САД се заинтересирани да претстават нова, контрапонуда на рускиот гасовод. Во изјава за „Асошиејтед прес“, грчкиот министер, кој уште денеска е во Вашингтон, најавил дека САД наскоро ќе го испратат специјалниот советник на Стејт департментот, Амос Хохстајн, во Атина, за преговори околу потенцијалната енергетска соработка. - САД се волни да ни понудат...

Уапсен првиот човек на „Актор“, Боболас, за даночно затајување

Грчката финансиска полиција утрово го уапси бизнис-гигантот Леонидас Боболас, сопственик на големата градежна компанија „Актор“ и на весникот „Етнос“. Боболас е уапсен за даночно затајување и за долг кон државата, по налог на грчкото државно обвинителство. „Актор“ во Македонија го гради  автопатот Демир Капија – Смоквица. Пред еден месец „Мета“ беше на градилиштето на „Актор“. Градежниците ни рекоа дека воопшто не...

Справувањето со тероризмот и надворешната политка на агендата на Коѕиас и на Кери

Односите со Русија, грчкото справување со терористите како Савас Ксирос и отворените прашања од грчката надворешна политика, ќе се најдат на агендата на вечерашната средба на грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, и на американскиот државен секретар, Џон Кери, во Вашингтон. Справувањето со тероризмот сосема ненадејно се искачи на врвот на агендата, откако Стејт департментот издаде соопштение со кое изразува...

Одложен судскиот процес против Златна зора

Поради отсуство на адвокат на еден од обвинетите, судењето на Златна зора беше прекинато и одложено за 7 мај. Судењето против неонацистичката Златна зора почна рано изутринава во судница во затворот Коридалос во Атина. На судењето не се појави ниту еден член од обвинетото раководство на партијата. Лидерот Никос Михалолијакос, неговата сопруга Елени Заруља, заменик-претседателот на партијата Христос Папас,...

Грчката полиција ги растера анархистите што го зазедоа атинскиот ректорат

Грчката полиција утринава уапси 14 лица и растера група анархисти во Атина кои се обидуваа да извршат притисок врз грчката влада, окупирајќи го Ректоратот 19 дена. Полицијата ја изврши утринската акција по наредба на обвинителството и тоа еден ден откако парламентот првпат се изјасни за нацрт-законот со кој се укинуваат затворите со високи безбедносни мерки. Анархистите се обидуваат да извршат притисок...

Сценарија за референдум наспроти европските притисоци за нови мерки за штедење

Во Атина сè погласно се слушаат закани за референдум за мерките за штедење како одговор на притисоците од европските кредитори. Владата засега не ги потврдува ваквите информации, иако медиумите шпекулираат дека ќе се оди на референдум поради строгите несогласувања на грчката влада со европските партнери околу грчките црвени линии за хуманитарната помош, одбивањето да се кратат пензии, подобри работнички права...

Грција ја очекува хуманитарна криза ако излезе од еврозоната

Грција ќе се соочи со хуманитарна катастрофа доколку излезе од еврозоната, оцени шефот на германската служба за анализа и за процена на економскиот развој, Кристоф Шмит. Шмит, за „Вестдојче алгемајне цајтунг“, изјави дека грчката влада си игра со оган и оти ЕУ не треба да ја слуша Атина која сака да го напушти рефомскиот курс.

Путин: Грција нема побарано финансиска помош од Русија

Атина формално нема побарано финансиска помош од Москва за враќање на својот долг, изјави рускиот претседател Владимир Путин, по денешната средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Москва. - Грчката страна не нè контактирала со никакво барање за помош – рече Путин, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија ќе ѝ помогне на Грција во справувањето со долгот. Русија директно нема да...

„Билд“: Коваат ли Ципрас и Путин план против Меркел

Германскиот весник „Билд“, по повод денешната средба во Москва на грчкиот премиер Алексис Ципрас и на рускиот претседател Владимир Путин, го поставува прашањето дали станува збор за пакт против канцеларката Ангела Меркел. - Цел свет, сепак, се прашува што навистина планираат Ципрас и Путин со таа своја средба зад ѕидините на Кремљ и тоа пред можниот државен банкрот на Грција...

Бугарија поднесе жалба до ЕК поради грчкиот данок за бугарските зделки и трансакции

Официјална Софија поднесе жалба до Европската комисија поради данокот што Грција го воведе за сите зделки и трансакции по потекло од Бугарија. Како што јавуваат бугарските медиуми, Софија бара укинување на грчкиот данок во висина од 26 отсто, наведувајќи дека таквата мерка на Атина е дискриминациска и непропорционална.

Македонија, Србија, Грција и Унгарија ќе разговараат за „Турски тек“

Министрите за надворешни работи на Македонија, Грција, Србија и на Унгарија денеска во Будимпешта ќе разговараат за потенцијалното учество во рускиот план за новиот гасовод наречен „Турски тек“, пишува „Еурактив“. Грчкиот весник „Катимерини“ јавува дека енергетската соработка ќе биде фокусот на средбата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, со неговите колеги од Турција, Србија, Македонија и од Унгарија, а...

„Прес 24“: Заеви купиле багатела куќа на плажа на Халкидики

Според порталот „Прес 24“, првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви, на крајот од 2012 година, купиле ексклузивна куќа на три ката на Халкидики во Неа Мудања, Грција, за помала цена од реалната вредност на таков имот. „Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 квадратни метри. За неа, според документите со кои располага „Прес 24“, тие...

Грција има пари уште за две недели

Експертите на Европската комисија ја потврдија „критичната состојба“ на грчката каса, во која има доволно пари за да се исплатат плати и пензии до 8 април, објави денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“. Ако Атина до тој датум не успее да понуди план за одржливи реформи, Комисијата претпоставува дека владата на Алексис Ципрас ќе мора да посегне по фондовите за...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...