Таг: Грција
таг: Грција
Оптимизам во Атина по состанокот во Брисел
Грчката влада е задоволна со исходот од синоќешната средба со клучната шесторка европски лидери во Брисел. Одлуката да се спроведе договорот од 20 февруари, која ја договорија вчера премиерот Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, првиот човек на Европската централна банка, Марио Драги, првиот човек на комисијата, Жан-Клод Јункер, претседателот на еврогрупата, Јорен Дајсенблум, и...
Ципрас порача: Нема нови буџетски кратења
Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача дека неговата влада ќе го исполни предизборното верување и ќе стави крај на острите буџетски кратења. Ципрас изјавата ја даде пред парламентот, непосредно пред пратениците да го одобрат законот против сиромаштија, кој е прв законски пакет на левичарската влада.
Ципрас, утре на маргините на самитот на ЕИ, би требало да се сретне со германската канцеларка,...
МНР: Атина побара 30 дена да предложи мерки за доверба
Македонското МНР за новинската агенција „Мета“ соопшти дека засега нема разговори за мерките за градење доверба бидејќи на Атина ѝ бил потребен еден месец за да излезе со предлог-мерки.
Грција ја обвини Македонија за ширење иредентизам преку училишните учебници, географските карти, како и со изјавите на високи државни функционери.
Владата во Атина е загрижена дека Македонија има територијални претензии, поради што бара разговори за мерките за...
Дејселблум: Без реформи, нема пари за Грција
Грција нема да добие дополнителна парична помош доколку не работи на спроведување на економските реформи, соопшти денеска холандскиот министер за финансии и претседател на Еврогупата, Јерун Дејселблум.
Официјална Атина минатата недела почна преговори со меѓународните кредитори во Брисел за да постигне нов договор за пакетот реформи, но и за деблокирање на средставта од финансиската помош. Ваквиот чекор беше оценет како обид...
Ципрас ќе ја види Меркел во Берлин, Груевски, можеби, во Брисел
Македонскиот премиер Никола Груевски можеби ќе присуствува на самитот на шефови на држави, на влади и на опозициски партии на Европската народна партија (ЕПП), што ќе се одржи на 19 и на 20 март во Брисел.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател, Никола Груевски, се членки на ЕПП. Од партијата не успеавме да добиеме информација дали Груевски ќе присуствува на самитот во...
Македонско возило оштетено во Грција
Во Солун завчера било оштетено возило со македонски регистерски таблички.
Прилепчанецот М.Б. пријавил дека на аеродромот во Солун му било извршено оштетување на левата врата на неговото возило „форд мондео“ со скопски таблички. Настанот бил пријавен во грчката полиција, но оттаму не бил добиен записник.
Могерини се извини: Од замор нè нарекла Македонија
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини се извини затоа што минатата недела на прес-конференција го употребила името „Македонија“ наместо „ФИРОМ“.
- Секогаш го користам терминот ФИРОМ. Понекогаш, особено кога 24/7 се справувате со кризи и имате „џетлег“ се прават грешки. Се извинувам поради тоа. Секогаш се придржувам до официјално прифатено име и за ова,...
Грчките европратеници гласни против „иредентизмот на Груевски“
По шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, и грчките европратеници се нафрлија на т.н. „иредентизам“ на македонската влада. Европратеникот од ПАСОК, Никос Андрулакис, во говор во Европарламентот ја критикуваше „иредентистичката политика на Владата на Никола Груевски“.
Андрулакис истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан за да се засилат демократијата, стабилноста, економскиот развој на регионот, меѓутоа бараат земјите-кандидати...
Грција задоволна од Еврогрупата
Грчката влада изрази првично задоволство од денешниот состанок на Еврогрупата. Од Атина ги толкуваат позитивно денешните пораки од Брисел, истакнувајќи дека има добра вест за Грција бидејќи Еврогрупата дала зелено светло да почнат да се применуваат одлуките од 20 февруари, со што Европската централна банка ќе треба да ја олабави ригорозната позиција што ја има кон Грција.
Според информациите од извори од...
Ципрас бара средба со Јункер
Грчкиот премиер Алексис Ципрас побарал следната недела да се сретне со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, соопштуваат извори од грчката владаа.
- Премиерот го повика господинот Јункер да организираат состанок следната недела – соопшти неименуван извор од владата во Атина.
Германскиот весник „Зидојче цајтунг“ претходно објави дека Ципрас сака денеска да се состане со Јункер, но дека неговото барање е...
Грчките европратеници ѝ се нафрлија на Могерини поради Македонија
Високата претставничка за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини, го крена притисокот во Грција со одлуката да нè именува Македонија.
Веднаш скокнаа и реагираа грчките европратеници, а огромен дел од грчките медиуми ја осудија Могерини, оценувајќи дека ја испровоцирала Грција со тоа што наместо со привремената референца, ни се обратила со Македонија, говорејќи за ситуацијата во државата на прес-конференцијата со...
Тежок март за Грција
Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, е дециден дека ако европските партнери се обидат повторно да ги вратат условите од меморандумот за штедење, грчката влада ќе ја одбие финансиската помош од 7,2 милијарди евра. Независно од обврските и од финансиските потреби на владата, според Варуфакис, нема да дозволат по никаква цена да се вратат на она што го прифатила...
Грција: Разбиена наркобанда
Десет лица се уапсени во Грција при акција за разбивање наркомрежа. Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за еден Албанец и за девет Роми, меѓу кои има и две девојчиња на возраст од 15 и од 16 години.
Во акцијата, грчката полиција во два ромски кампа запленила 19 килограми хероин, 773 грама кокаин, три килограми хашиш, 4,5 килограми таблети...
Маратонска седница на СИРИЗА за договорот со Еврогрупата
Затегната атмосфера, несогласувања и нејаснотии доминираа на маратонската седница на парламентарната група на СИРИЗА околу договорот со европските кредитори. По долги 12 часа дискусија, пратеничката група се согласи да го одобри договорот, иако дел од членството и функционерите не се целосно задоволни и на иста линија со договорот на Алексис Ципрас и на министерот за финансии, Јанис Варуфакис, со...
Грците во САД бараат Кери да ја блокира Македонија во НАТО
Грчката Панмакедонска асоцијација во САД испрати писмо до американскиот државен секретар Џон Кери, во кое се повикува да не се залага за влез на Република Македонија во НАТО, јавува „Грик репортер“.
„Земјите кои имаат аспирации да влезат во НАТО, мора да ги исполнат сите услови и критериуми за членство, а Македонија не е една од тие земји“, се наведува во...
Списокот грчки реформи е познат, утре ќе стигне во Брисел
Грчката влада најави дека наместо денеска, утре изутрина ќе го испрати списокот со реформи до европските министри за финансии од Еврогрупата, а во текот на денот ќе има видеоконференција со нив за да се разгледаат детаљно предложените мерки.
Извори од владинот кабинет кусо информираа за клучните црти што ќе бидат вклучени во списокот, кои се главно она што се најавуваше и очекуваше...
Последни подготовки на новата грчка листа за државни реформи
Грчката влада нема да одмора на денешниот верски празник за почетокот на велигденските пости. Наместо во таверна на морски плодови и летање змејови, владата на Алексис Ципрас ја довршува листата со реформи и повторно се наоѓа на работ на седиштето во исчекување на европско зелено светло за нејзините предлози за рефомирање на државата. Министерот Јанис Варуфакис има краен рок...
Атина задоволна од договорот во Брисел
Грчката влада го посочи договорот во Брисел како нејзин успех, победа и конечно задоволување на граѓанските барања и потреби. Владата на Алексис Ципрас е задоволна по договорот во Брисел, истакнувајќи дека на вонредниот состанок на Еврогрупата успеала да издвојува победа и да го оствари она што било зацртано без да се повлече од црвените линии.
„Грција денеска сврти нова страница....
Грција доби четиримесечно одложување за враќање на долгот
Грција вечерва во Брисел доби четиримесечно одложување за враќање на долгот.
Атина и Брисел се договорија в понеделник, до крајот на работниот ден, грчката влада да поднесе список на реформи што ќе ја доведат во подобра позиција за продолжување на програмата за финансиска помош.
Според бриселските функционери, договорот е постигнат „во пет до 12“.
За грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, договорот...
Тензија во Атина пред новиот состанок на Еврогрупата
Грчката влада е во грч за денешниот состанок на Еврогрупата во Брисел. Владата на Алексис Ципрас оптимистички се надева на позитивна одлука за продолжување на договорот за грчкиот заем, иако европските партнери продолжуваат со барањата Грција да продолжи да ги исполнува обврските од програмата за штедење.
Портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел посочи дека грчките барање и предлог се добра...