fbpx

Грчката полиција ги растера анархистите што го зазедоа атинскиот ректорат

-

Грчката полиција утринава уапси 14 лица и растера група анархисти во Атина кои се обидуваа да извршат притисок врз грчката влада, окупирајќи го Ректоратот 19 дена.

Полицијата ја изврши утринската акција по наредба на обвинителството и тоа еден ден откако парламентот првпат се изјасни за нацрт-законот со кој се укинуваат затворите со високи безбедносни мерки.

Анархистите се обидуваат да извршат притисок на грчката влада да ги укине казнените мерки кои од безбедносни причини ги воведе претходната влада.
Синоќа пред зградата на Ректоратот дојде до мал судир меѓу анархистите и полицијата.
Анархистите го зголемуваат притисокот врз владата на Алексис Ципрас со насилни акции и со често заземање државни институции или простории на партијата СИРИЗА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...