fbpx

Балканските Египќани ќе побарат кривична и граѓанска одговорност од Мартин Протоѓер

-

Непочитување на етничкиот идентитет на припадниците за заедницата на Египќаните во Охрид и во Македонија, претставува грубо кршење на Уставот на Република Македонија и на универзалните човекови права, како и на меѓународните стандради за заштита на националните малцинства.

Со ваква реакција се огласија невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на балканските Египќани во Македонија, по објавувањето на содржината на наводните прислушувани разговори и СМС- пораки, вчера на прес-конференција на СДСМ, во Охрид. Тоа се Здружение на балканските Египќани во Македонија, Асоцијација за интеграција на Египќаните „Птах“ и Здружение за заштита на кулутрниот идентитет на Египќаните „Изида 41/21“.

„Иако не сме изненадени, сепак сме згрозени од лицемерството и од нетолеранцијата што се забележува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од одредени лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Македонија. Со овие објавени материјали уште еднаш се потврдува политичката и општествената аномалија, предрасуда и стереотип во Македонија, дека припадниците на заедницата на Египќаните се граѓани од втор или трет ред, кои не треба да уживаат никакви граѓански права и треба да бидат само брутално инструментализирани на изборните денови“, реагираат Егиќаните.

– Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, културата, човечките и малцинските права за заедницата на балканските Египќани во Македонија, ќе ја разгедат и можноста за барање кривична и граѓанска одговорност од лицето Мартин Протоѓер. Исто така, релевантините меѓународни институции и механизми за заштита на човековите и на малциските права, ќе бидат информирани за овој случај. Ги повикуваме Мартин Протоѓер, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ, јавно да им се извинат на сите припадници на заедницата на Египќаните во Македонија, за непочитување на етничката посебност и идентитет, како и за обидот за поттикнување расна и етничка нетрперливост кон припадниците на заедницата на Египќаните – вели за „Мета“ професор д-р Рубин Земон, почесен претседател на Здружението на балканските Египќани во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...