fbpx

СИРИЗА со големо водство пред Нова демократија

-

Грчката владејачката партија СИРИЗА сè уште води со значителна предност пред десничарската Нова демократија. Две нови мерење на јавното мислење, едното анкета за весникот „То вима“, другото за неделното издание на „Прото тема“, покажуваат дека независно од проблемите со европските партнери, рејтингот на СИРИЗА во споредба со тој на Нова демократија не опаѓа.

Според анкетата на „То вима“, СИРИЗА има доверба кај 36,9 отсто од граѓаните, додека Нова демократија има рејтинг од 21,7 отсто. На трето место е партијата Река, со поддршка од 7,3 отсто, Златна зора е четврта со 5,7 отсто, Комунистичката партија ја поддржуваат 5 отсто од анкетираните, коалицискиот партнер на СИРИЗА, Независни Грци, се зад комунистите со поддршка од 4,6 отсто, додека последни се ПАСОК со рејтинг од само 3,9 отсто.

Резултатите за весникот „Прото тема“ покажуваат дека СИРИЗА води со рејтинг од 35,9 отсто, додека Нова демократија и во оваа анкета има 21,8 отсто поддршка. Според анкетата за „Прото тема“, на трето место е Река, потоа следуваат Комунистичката партија, Златна зора со 5 отсто поддршка, Независни Грци и, на крај, ПАСОК.

Анкетата на „То вима“ покажала дека 71,9 отсто од испитаниците сметаат дека да се постигне договорот со кредиторите ќе биде добро за државата. Дури 68,8 отсто изјавиле дека сметаат оти постои ризик Грција да биде исклучена од еврото, а 72,9 отсто сакаат државата да остане во еврозоната. Вкупно 52,4 отсто од испитаниците сметаат дека државата е на раб на банкрот.

Половина од испитаниците, 50 отсто, се согласуваат со начинот и со тактиката на преговарање на владата. Од испитаниците за „То вима“, дури 62 отсто изјавиле дека се загрижени за потенцијален банкрот.
Анкетите покажуваат дека народот ниту сака, ниту е спремен за нови избори. Само 15-18 отсто од испитаниците изјавиле дека би сакале нови избори во овој момент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.