Сценарија за референдум наспроти европските притисоци за нови мерки за штедење

-

Во Атина сè погласно се слушаат закани за референдум за мерките за штедење како одговор на притисоците од европските кредитори. Владата засега не ги потврдува ваквите информации, иако медиумите шпекулираат дека ќе се оди на референдум поради строгите несогласувања на грчката влада со европските партнери околу грчките црвени линии за хуманитарната помош, одбивањето да се кратат пензии, подобри работнички права и за противењето на приватизациите.

Сценариото за референдум доаѓа во период на сериозни политички и економски тензии и во државата и во преговорите со европските партнери. Тие, во исчекување на грчката целосна листа со реформи, сè погласно најавуваат дека не може да се очекува целосен договор со Грција на состанокот на Еврогрупата на 24 април. Од друга страна, тоа е датумот кој грчката влада се надева дека ќе ја разбие климата на неизвесност и ќе донесе стабилен договор за исплаќање на финансиска помош за Грција. Грчката влада, и покрај сите предупредувања и закани од ЕУ дека се размислува за излез на Грција од еврозоната и објавите за банкрот, тврдо стои на својот став дека нема да отстапи од своите позиции и нема да дозволи официјална Атина повторно да биде втурната во нов вртлог од строги мерки за штедење и нова финансиска голгота.

Ова сценарио е особено интересно ако се земе предвид фактот дека премиерот Алексис Ципрас во овие моменти се среќава со поранешниот премиер Јоргос Папандреу, кој во 2011 година беше тргнат од власта токму по предлогот за распишување референдум за народот да одлучи дали сака да ги прифати новите мерки што ги бараше во тоа време ЕУ од Грција. По најавата за оваа идеја, владата на Папандреу беше заменета со техничка влада од членови на ПАСОК и на Нова демократија. Според информациите во Грција, поранешниот премиер е подготвен да ја поддржи владата на СИРИЗА во овој чекор, кој и самиот го поддржуваше и го предложи пред неколку години.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...