fbpx

Позитивно оценета борбата на Македонија против трговија со деца

-

Последниот извештај на експертската група за акција против трговијата со деца (ГРЕТА) при Советот на Европа, алармира дека 31 од 35 земји во Европа не прават доволно во оваа област.

Извештајот беше објавен денеска во Брисел и покажува сериозни недостатоци во владините политики во Европа.
Извршната секретарка, Петја Несторова, во изјава за јавноста истакна дека не е сторено доволно за да се заштитат децата жртви на трговија и дека државите мора да ги зголемат напорите за идентификација на жртвите и да обезбедат заштита и поддршка.

Според ГРЕТА, неопходно е да има поинтензивна соработка помеѓу сите субјекти во општеството и да не се остави проблемот целосно само во рацете на полицијата.

„Треба да се соработува, треба да се има мултидисциплинарен пристап каде сите – граѓанското општество, трудовите институции, наставниците, медицинските тимови – ќе бидат инволвирани, а не само полицијата“, вели Несторова.

Според извештајот, Македонија покажува многу подобри резултати од повеќето други земји, вклучително и земји-членки на Европска унија. Заедно со Норвешка и со Холандија, Македонија ја доби една од најпозитивните оцени досега, смета Советот на Европа.

Во извештајот стои дека Македонија покажала добри резултати во области како што е координацијата со граѓанското општество, обуката на професионалци, истрагите и пресудите, но и социјалните и економски мерки во оваа борба.

Извештајот издвојува позитивен пример во Македонија:
„Поранешната југословенска република Македонија се обидува да ги школува сите деца во основното образование и да се бори против школскиот неуспех во ромската заедница, чија ранливост во трговијата со деца е признаена. Министерството за труд и социјална политика отвори дневни центри за деца во Скопје и во Битола“, пишува во извештајот.

Трговијата со деца е еден од најголемите светски проблеми, но многу малку се прави за да се спречи.
Иако трговијата со деца најчесто има цел сексуална експлоатација, тоа не е единствениот вид на шверц. Многумина се, исто така, жртви на присилна работа и на питачење. Ромската заедница е идентификувана како посебно ранлива категорија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...