fbpx

Трите прста од митингот на Груевски ги навредиле Грците

-

Собирот на Никола Груевски беше полн со провокации и со навреди против Грција. Ова го пишува грчкиот весник „Прото тема“, анализирајќи го собирот на приврзаниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според весникот, премиерот Никола Груевски и преку овој собир покажува дека се обидува да поентира на националистичката карта и така да се одржи на власт.

Бројните знамиња со сонцето од Вергина и картите на „Голема Македонија“ кои ги вееле поддржувачите на Груевски, според „Прото тема“, се нова навреда и провокација за Грција.

„За време на говорот на Груевски, неговите поддржувачи цело време поздравуваа со познатиот националистички поздрав, симбол на иредентизмот во Скопје. Се работи за поздрав со три кренати прсти и форма на буквата О, кои ги симболизираат, наводно, трите отцепени делови на Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) и алудираат на обединување“, пишува „Прото тема“, пренесуваји ја атмосферата од протестот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...