fbpx
Таг: Гордана Јанкулоска

таг: Гордана Јанкулоска

Нема притвор за Јанкулоска и за Божиновски

Судија на претходна постапка го одбил предлогот на Специјалното јавното обвинителство и не им одредил притвор на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, осомничени во акцијата „Титаник“. Јанкулоска, Божиновски и уште две лица вчера беа на распит пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и за корпуција при...

Заврши распитот на Гордана Јанкулоска во Кривичниот суд

Заврши неколкучасовниот распит во Кривичниот суд на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Ниту таа, ниту нејзиниот адвокат Никола Додевски не сакаа пред новинарите да коментираат за исходот од распитот. Судијата треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство и дали ќе одреди мерка притвор или не. Претходно на распит беа и поранешниот министер за...

Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 часа, во саботата попладне, до...

Судот потврди дека нема притвор за неколкумина осомничени во „Титаник“

Основниот суд Скопје 1 го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување мерка притвор за осумтемина осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“. Судот донел одлука со која се одбива барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, Миле Јанакиески и на уште две лица осомничени во акцијата „Титаник“, со иницијали М.П. и К.М. Како што детално информираа од судот, другите...

Специјално јавно обвинителство: Судот пропушти шанса да се запише во историјата

Специјалното јавно обвинителство денеска преку својата официјална страница на „Фејсбук“ изрази разочарување од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба. „Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!“, стои во статусот објавен на страницата. Основниот суд Скопје 1, каде синоќа се вршеше распит на дел од осумте осомничени за изборни нерегуларности,...

ВМРО-ДПМНЕ: Јанкулоска и Јанакиески ниту се во бегство, ниту во некоја од амабасадите

Партијата на власт, ВМРО-ДПМНЕ, испрати демант на информациите на одредени медиуми дека поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, против кои се отворени истражни постапки во првата акција на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, наводно ја напуштиле државата и побарале засолниште во некоја од амбасадите. - Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ за кои пласирате дезинформации дека наводно се во бегство или наводно побарале прием во...

Јанкулоска не се појави пред Анкетната комисија, на ред е Груевски

Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушување не го изгласаа дневниот ред на седницата на која требаше да сведочи поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Пратениците отидоа на координација да го договорат редоследот по кој ќе му поставуваат прашања на премиерот, кој треба да сведочи од 12 часот. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од...

Апелацискиот суд ја укина пресудата за тужбата на Јанкулоска против Шилегов

Апелацискиот суд Скопје ја укинал пресудата со која портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, требаше да ѝ плати на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, отштета од еден милион денари за нанесена клевета, пренесува „Нова ТВ“. Јанкулоска го тужеше Шилегов откако тој на прес-конференција изнесе податоци за непропорционално зголемен имот на поранешната министрека додека била на власт, а Основниот суд...

Јанкулоска и Котевски го чекаат Чавков на кафе

Ќе има ли официјална церемонија како своевиден протокол за примопредавање на функцијата меѓу досегашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и нејзиниот наследник, Митко Чавков, од МВР не можат со сигурност да потврдат. Помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, за „Мета“ вели дека „се чека да заврши гласањето за предлог-министер за внатрешни работи во Собранието“, по што...

Што зборуваше новиот кандидат за шеф на МВР, Чавков, со Јанкулоска

Митко Чавков, предлогот на премиерот Никола Груевски за нов министер за внатрешни работи, кој ќе дојде на местото на Гордана Јанкулоска, беше спомнат и во 27. „бомба“ на Зоран Заев. Кога ги објави разговорите, Заев рече дека тие се докази за тоа како кој го вршел прислушувањето. Еве го разговорот. Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Митко Чавков. Чавков: Ало? Јанкулоска: Ало, Мите добро вечер, како...

Јанкулоска, Јанакиески и Мијалков си поднесоа оставки

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, вечерва си поднела оставка на функцијата. Ова за „Мета“ го потврдија неофицијално извори од МВР. Оставката доаѓа по акцијата на безбедносните сили викендов во Куманово против, како што ја нарекоа од МВР, голема терористичка група, во која загинаа осуммина, а беа повредени повеќе од 30 полицајци. Оставка од Јанкулоска се бараше на протестите пред Владата, но тоа...

Јанкулоска: Претстојат денови во кои полицијата повторно ќе биде на тест

„Македонија и нејзините институции се исправени пред еден од поголемите тестови во поновата историја и затоа од вас се очекува да бидете на висина на задачата. Да бидете истрајни и професионални и да ги почитувате Уставот и законите“, рече денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање по повод Денот на полицијата, осврнувајќи се на случувањата од...

Јанкулоска: СДСМ нека ми побара оставка во Собранието

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на вонредната прес-конференција во Владата рече дека одлучила да изреагира затоа што смета дека Зоран Заев со објавувањето на разговорите прави само штета и се обидува да ги манипулира граѓаните. Таа вели дека разговорите не се нејзини и дека се креирани, лепени, сечени и не чувствува одговорност за кажаното во разговорите затоа што, како што рече,...

Јанкулоска: Стотина македонски државјани се борат во Сирија и во Ирак

Стотина македонски државјани се борат на боиштата во Сирија и во Ирак, од кои досега 15 и загинаа, соопшти денеска во Белград министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкулоска, во обраќањето на конференцијата „Превенција на радикализмот и борба против тероризмот на Балканскиот регион“. - Денес, балканските земји, како и многу земји во светот, се соочуваат со зголемен ризик, поради...

Јанкулоска за „Монструм“: Камерите се спремни, ама дали ќе завршиме со убиствово?

„За жал, камерите кога се случи грозоморното убиство не беа во функција и не можевме да сметаме на една ваква технолошки моќна алатка за разоткривањето на најтешкото кривично дело со кое сме се соочиле. Меѓутоа, со несебично залагање на сите припадници на Министерството за внатрешни работи, кои буквално деноноќно работеа на терен од моментот кога се случи убиството до...

Јанкулоска за акцијата во Брест : Имаме прилично сериозна ситуација

Две автоматски пушки, две снајперски пушки, стотина парчиња муниција, две радиостаници и маскирна униформа со ознаки на УЧК, запленила полицијата во вчерашната акција во селата Брест и Брњарци, а кои се дел од оружјето што било одземено при нападот на караулата Гошинце, во вторникот, минатата недела, соопшти денеска на прес-конференција министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Според Јанкулоска, оружјето било...

Јанкулоска: Во 2003 година СДСМ беше на власт, можеби Заев има повеќе информации за „Сопот“

„Судска разврска за „Сопот“ имаше во 2003 година, а тогаш на власт беше СДСМ. Можеби нив треба да ги прашате за овој случај“, изјави денеска министерката Гордана Јанкулоска, одговарајќи на новинарско прашање на дебатата што се одржа во Град Скопје. „Колку што се сеќавам, овој случај има судска завршница во 2003 година, па оттука мислам дека поупатно е прашањето да го поставите...

Јанкулоска: МВР не врши директен пренос од постапките што ги води

„Ние не вршиме директен пренос на постапките што ги водиме. Тогаш кога ќе имаме нешто да ѝ соопштиме на јавноста, ќе го направиме тоа на транспарентен начин“, гласеше одговорот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прашање на „Мета“ до каде е кривичната пријава за оддавање државна тајна, што МВР најави дека ќе ја поднесе против лидерот на...

Јанкулоска од Свети Николе: Наредбодавците на Заев сакаат да предизвикат страв кај граѓаните

Министерката Гордана Јанкулоска вечерва во Свети Николе го имаше првото појавување  пред граѓаните на партиска трибина,  откако СДСМ почна да објавува снимки од прислушуваните разговори. Снимките и потегот на СДСМ беа основата во нејзиниот говор пред „своите“. - Не случајно безбедносните служби се центарот на „бомбите“ на Заев, бидејќи тоа е и целта на неговите наредбодатели. Намерата им е да предизвикаат...

Ги откри ли Заев тајните летала на Мијалков?

Во еден од прислушуваните разговори што вчера ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, меѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, шефот на тајната полиција се жали дека кубури со кадар, без кој не може да се работат „ни леталата, ни хеликоптерите“. На кои летала мисли Мијалков во разговорот со...

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...