fbpx

Јанкулоска: СДСМ нека ми побара оставка во Собранието

-

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на вонредната прес-конференција во Владата рече дека одлучила да изреагира затоа што смета дека Зоран Заев со објавувањето на разговорите прави само штета и се обидува да ги манипулира граѓаните.

Таа вели дека разговорите не се нејзини и дека се креирани, лепени, сечени и не чувствува одговорност за кажаното во разговорите затоа што, како што рече, „никогаш нема дадано таква изјава“.

Нa прашање на „Мета“ дали планира да даде оставка, таа рече „не“ и додаде дека не се чувствува дека е помеѓу „изморените“ за кои Груевски рече дека можеби ќе бидат сменети.

Јанкулоска рече дека ако сакаат од СДСМ да побараат оставка од неа, тоа треба да го направат на демократски начин, во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...