fbpx

Што зборуваше новиот кандидат за шеф на МВР, Чавков, со Јанкулоска

-

Митко Чавков, предлогот на премиерот Никола Груевски за нов министер за внатрешни работи, кој ќе дојде на местото на Гордана Јанкулоска, беше спомнат и во 27. „бомба“ на Зоран Заев.

Кога ги објави разговорите, Заев рече дека тие се докази за тоа како кој го вршел прислушувањето.

Еве го разговорот.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Митко Чавков.

Чавков: Ало?
Јанкулоска: Ало, Мите добро вечер, како си?
Чавков: Добро вечер министерке. Добар сум, подобар.
Јанкулоска: Добро, не е многу доцна.
Чавков: Ако, ако не е проблем.
Јанкулоска: Не спиеш волку рано.
Чавков: Не е проблем.
Јанкулоска: А бе слушај, викам ај да се преслушам уште еднаш. Сега со директорот Сашо зборевме, ама друго е повеќе луѓе кога ќе чујам, покомотен е човек.
Чавков: Така.
Јанкулоска: Околу Законот за следење на комуникации. Нели сега се договараме со комуњариве, преговараме, разговараме, некако да направиме да пројде, да не ни се закочи целава работа…
Чавков: Добро.
Јанкулоска: Околу надзорот, комисијата…
Чавков: Така.
Јанкулоска: Сега они прифатија целиот отој став кај што викаат без најава и во полн состав се брише, да го избришеме.
Чавков: Добро.
Јанкулоска: И практично тоа значи дека Комисијата ќе донесе одлука со мнозинство гласови…
Чавков: Исто е…
Јанкулоска: И ќе нè извести и кога ќе речеме, ќе дојде.
Чавков: Така.
Јанкулоска: Како сега што е де факто.
Чавков: Значи, они се за да се избрише тој став.
Јанкулоска: Е па, не, сега тоа е компромисот.
Чавков: Аха. Добро.
Јанкулоска: Они се за да се избрише „полн состав“…
Чавков: Полн состав…
Јанкулоска: Ние сме да се избрише „без најава“…
Чавков: Добро.
Јанкулоска: И сега за да мрднеме, а тој став е со овие два сегменти…
Чавков: Аха.
Јанкулоска: За да мрднеме некако, викам ај нека се избрише целиот став од членот.
Чавков: Да. Па, мислам дека е добро.
Јанкулоска: Па, и ја мислам дека е добро. Му се јавив на директорот.
Чавков: Да.
Јанкулоска: Он вика: А бе ако мислиш ти дека е добро, океј. Пошто излезен беше човекот, сега го нема законот пред него…
Чавков: Така, така. Јас го знам тоа.
Јанкулоска: И вика: ако мислиш ти дека е океј, океј. А ја, вака, мислам дека е во ред. Ама викам чекај, да чујам уште некој, знаеш.
Чавков: Мислам дека е океј, и јас.
Јанкулоска: И ја мислам. Оти тој член, 36-а фактички што го додадовме е тоа…
Чавков: Така…
Јанкулоска: Дека е во полн состав и без најава, а се носи… а они додаваат дека се носи одлуката со мнозинство гласови.
Чавков: Да.
Јанкулоска: Инаку они сега имаат право во претходниот член стои дека имаат право да контролираат, имаат пристап до…
Чавков: Така, така, така…
Јанкулоска: …опремата и средствата за следење на комуникациите.
Чавков: Така, комисијата ја водат они.
Јанкулоска: Да де, ама тоа е тоа. Но, ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот или директорот, сега, кого и да го известат, па ние им кажуваме „дојдете тој и тој ден, тогаш“.
Чавков: Така.
Јанкулоска: И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат „Ааа, се прислушкува цела држава“. Ние ќе речеме „не се прислушкува“. И толку.
Чавков: Така. Мислам дека може.
Јанкулоска: И толку ќе биде.
Чавков: Мислам дека, да, да, може.
Јанкулоска: Оти тоа би бил компромисот.
Чавков: Да, да, да.
Јанкулоска: И тоа со 28… 48 што ми рековте дека може да им го прифатам, ќе им го прифатам и друго…
Чавков: Тоа комоцијата си ја нарушуваме ние, но може тоа да го наравиме.
Јанкулоска: Абе сега, види, точно, ама мораш некако, ако не ни пројде, ќе ни колабира системов.

Предлог-кандидатот за новиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, дипломирал на Факултетот за безбедност во Скопје во 1986 година. Во декември 2011 година магистрирал на темата „Криминалистичкото разузнавање во борбата против организираниот криминал“.

По завршувањето на академското образование, се вработува во МВР. Од 1992 година до средината на 1999 година е прв човек на Секторот за криминалистичка полиција при СВР Струмица, а од 1999 до 2001 година е заменик-началник на СВР Струмица. Од 2005 година до септември 2006 година е главен инспектор за финансиски криминал при Одделот за организиран криминал, а од 2006 до април 2012 година е шеф на Одделот за организиран кримина (денес Центар за сузбивање организиран и сериозен криминал). Од април 2012 година до мај 2013 година е прв човек на Централните полициски служби. Од мај 2013 е директор на Бирото за јавна безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...