fbpx

Јанкулоска од Свети Николе: Наредбодавците на Заев сакаат да предизвикат страв кај граѓаните

-

Министерката Гордана Јанкулоска вечерва во Свети Николе го имаше првото појавување  пред граѓаните на партиска трибина,  откако СДСМ почна да објавува снимки од прислушуваните разговори.

Снимките и потегот на СДСМ беа основата во нејзиниот говор пред „своите“.

– Не случајно безбедносните служби се центарот на „бомбите“ на Заев, бидејќи тоа е и целта на неговите наредбодатели. Намерата им е да предизвикаат страв и неспокој меѓу граѓаните. Ние, за жал, се најдовме во ситуација, каде еден просечен политичар, се обидува да го диктира темпото на политичката сцена. Не е случајно што центарот на неговиот удар се економијата и безбедносните служби. Ако се поткопаат безбедносните служби, тогаш ќе се наруши мирот на секој поединец. Додека тој се занимава со бомбите, ми се чини дека беа дваесетина, ние одговоривме со 60 мерки – по три на секоја бомба – рече Јанкулоска.

Говорот на Јанкулоска,  која е една од централните фигури во прислушуваните разговори презентирани од СДСМ,  молкум беше ислушан  од публиката, без прекини со аплаузи.

И вицепремиерот Владимир Пешевски нема дилеми дека странски служби управуваат со потезите на Заев.

– Прво што секој од нас се прашува кога ги слуша снимките е како нему лично ќе му се одрази, дали е загрозен. Прво што сакам  да кажам – да немате дилема за безбедноста и стабилноста на државата. Независно што ќе прави опозицијата, независно што ќе прават разни странски служби како концепт со цел да не дестабилизираат, тоа нема да помине. Не само затоа што ВМРО ДПМНЕ е на васт, туку затоа што помина времето на такви приказни – рече Пешевски.

Од трибината во Свети Николе, каде е сместена населбата на работниците од Кина кои го градат автопатот Штип – Миладиновци, беше упатен, како што рекоа, „строг демант“ на обвинувањата на злоупотребата на тендерите со кинеските компании кои ги добија тендерите за изградба на автопатиштата.

На трибината уште говореа заменик – министерот за образование Спиро Ристовски и новиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски.

На почетокот, вице-премиерот Пешевски објасни дека трибината е дел од редовните активности на ВМРО ДПМНЕ, но, овој пат, средбата е во една специфична состојба на државата, по што партијата одлучила да испрати свои тимови да им објасни граѓаните што се случува.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...