Историски чекор: Македонија и Грција ги разменија предлог-мерките за градење доверба

-

Грција и Македонија размениле предлог-мерки за градење доверба и во моментов тие се разгледуваат во Скопје и во Атина, потврдија за „Мета“ од македонското Министерството за надворешни работи.

Иако сè уште не откриваат детали, од нашето МНР велат дека „откако двете страни ќе ги разгледаат предлог-мерките, ќе се изјаснат околу нивната содржина“.

Да, потврдуваме дека сме размениле предлози за мерки за градење доверба. Тие се предмет на разгледување, по што ќе се изјаснат двете страни – одговорија од МНР на прашањето на „Мета“ дали Грција ги испрати до МНР предлог-мерките за доверба.

Ова е прв познат случај двете страни да разменат документи за градење доверба од почетокот на спорот, со исклучок на потпишувањето на Привремената спогодба на 13 септември 1995 година во Њујорк.

Од грчка страна не откриваат детали околку размената на предлог за мерки за градење на довербата меѓу двете страни.

Дописникот на „Мета“ од Атина јавува дека двајцата министри во досегашните тет-а-тет средби размениле идеи со желба да се дојде до напредок во односите.

Дипломатски извори коментираат дека она што е неопходно е во овој момент да се воспостави добар канал на комуникација и да се изгради доверба меѓу двете страни за да успее обидот за мерки за градење на довербата.

Ваквиот развој на настаните покажува дека и Скопје и Атина максимално и строго се придржуваат на договореното.

Имено, нашето МНР на 18 март за „Мета“ соопшти дека на Атина ѝ бил потребен еден месец за да излезе со предлог-мерки.

Еден ден подоцна, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во обраќање до собраниската Комисија за надворешни работи и одбрана како рок го најави април.

Коѕиас тогаш рече дека мерките за градење доверба би се доставиле и разговарале со македонската страна во април и, главно, би се однесувале на помалите и попрактични работи, кои може да испеглаат дел од разликите и од тензиите што постојат меѓу двете страни.

– Мерките за доверба, пред сè, ќе бидат за да се решат извесни практични прашања, второ – за да се изгради подобра доверба и трето – за да се олеснат преговорите во Обединетите нации, до степен до кој тоа би било можно – истакна Коѕиас.

Идејата за мерките за градење доверба, Коѕиас му ја пренесе на министерот Никола Попоски на маргините на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на ЕУ во Рига, кој се одржа на почетокот од минатиот месец.

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата Фискална стратегија...

Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс во својата колумна изјави дека инвестирањето и ангажирањето со земјите од Западен Балкан е геостратешки императив во услови на зголемена глобална...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

АНАЛИЗА: Повисока инфлација, иста стапка на раст на БДП

Ценовниот притисок ги „стопи“ очекувањата за инфлација од 2,2 отсто во оваа економска година, објавува Порталб. Според новите буџетски проценки инфлацијата ќе биде нешто помалку од 3%. Во новата...