fbpx

Заврши распитот на Гордана Јанкулоска во Кривичниот суд

-

Заврши неколкучасовниот распит во Кривичниот суд на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Ниту таа, ниту нејзиниот адвокат Никола Додевски не сакаа пред новинарите да коментираат за исходот од распитот.

Судијата треба да одлучи дали ќе го прифати или отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство и дали ќе одреди мерка притвор или не.

Претходно на распит беа и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, И.Г. , член на Општинска изборна комисија во Чаир, и Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец.

За ниту еден од претходно сослушаните судот не ја потврди мерката притвор побарана од СЈО.

За поранешните министри, градоначлникот, неколку членови на општински изборни комисии, судии во Управниот суд и за генералниот секретар на владата Кирил Божиновски се отворени истражни постапки за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...