Нема притвор за Јанкулоска и за Божиновски

-

Судија на претходна постапка го одбил предлогот на Специјалното јавното обвинителство и не им одредил притвор на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, осомничени во акцијата „Титаник“.

Јанкулоска, Божиновски и уште две лица вчера беа на распит пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и за корпуција при Основниот суд Скопје 1.

Со ова, судот ги одби сите барања на СЈО за притвор на осумтемина осомничени во првата акција на Катица Јанева.

„Пред судија на претходна постапка од одделот за организиран криминал и за корупција при Основниот суд Скопје 1, денеска на сослушување се јавија лицата Г.Ј., К.Б., К.Т. и Н.В. за кои Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации поднесе предлог за определување мерка притвор за обезбедување присуство заради непречено водење на кривична постапка. По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од шест часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството“, стои во соопштението на судот.

Специјалното јавно обвинителство сега има рок од 24 часа да поднесе жалба на одлуката на судијата на претходна постапка. По жалбата, според Законот за кривична постапка, одлучува Совет на Кривичниот суд составен од тројца судии.

Претходно на распит пред судија на претходна постапка беа и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој заедно со Јанкулоска и со Божиновски се првоосомничени во „Титаник“, потоа И.Г., член на Општинска изборна комисија во Чаир, и Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, во Албанија.

За ниту еден од нив судот не ја потврди мерката притвор што ја побара Специјалното јавно обвинителство.

За поранешните министри, генералниот секретар на владата, градоначалникот, неколку членови на општински изборни комисии и за судии во Управниот суд, СЈО отвори истражни постапки за злосторничко здружување, повреда на избирачко право, повреда на слободата на гласање, поткуп и за уништување избирачки материјал.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...