fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 4,8 отсто, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу најголемите македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС. Доколку утре се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,7 отсто од гласачите, за СДСМ - 18,9 отсто, за ДУИ - 6,2 отсто, за ДПА - 3,3 отсто, за Беса - 1,2 отсто, додека за други партии...

Сауљус Сквернелис е новиот премиер на Литванија

Парламентот на Литванија го одобри именувањето на поранешниот министер за внатрешни работи, Сауљус Сквернелис, за нов премиер на државата. За него гласаа 90 пратеници, четири беа против, а другите членови на парламентот, кој има 141 пратеник, биле воздржани или не биле присутни на гласањето. Сквернелис беше кандидат за премиер на земјоделската партија Сојуз на селани и зелени, која победи на изборите...

Доналд Трамп на чекор да стане 45. претседател на САД

Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, во трка неизвесна до самиот крај, е на чекор до победата против кандидатката на Демократската партија, Хилари Клинтон, за претседател на Соединетите Американски Држави. Американскиот милијардер, според „Њујорк тајмс“, засега има освено 266 електорски гласови, а за победа потребни му се 270. Поранешната државна секретарка, Клинтон, пак, засега има ги освоено гласовите на 218 елекорати. Сè уште се...

Изборен ден во САД, неизвесна изборна трка помеѓу Клинтон и Трамп

Околу 225 милиони Американци денеска на претседателски избори ќе избираат помеѓу републиканецот Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон. Медиумите пишуваат, повикувајќи се на анкетите, дека изборите се неизвесни како никогаш досега, а најновата анкета на „Блумберг“ покажува дека Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп. Предизборната кампања ја одбележа беспоштедната борба на двајцата кандидати и постојаните...

Унгарскиот парламент не го усвои антимигрантскиот амандман

Унгарскиот парламент не го усвои уставниот амандман кој предвидуваше забрана за населување на странска популација во земјата, откако предлогот не го доби неопходното двотретинско мнозинство. Предложениот амандман на уставот, како што јавуваат медиумите, добил поддршка од 131 пратеник, од вкупно 199 народни избраници во унгарскиот парламент. Тоа претставува 65,8 отсто од вкупниот број пратеници, но е под неопходното двотретинско мнозинство....

Унгарскиот парламент денеска ќе гласа за антиемигрантскиот амандман

Унгарскиот парламент денеска ќе гласа за уставниот амандман кој предвидува забрана за „населување на странска популација“ во земјата, јавуваат светските агенции. Гласањето доаѓа како одговор на властите во Будимпешта на обврзувачките квоти на Европската Унија за прием на мигранти, договорени минатата година, а кои предвидуваат релокација на околу 160.000 миграти на територијата на целата Унија. Граѓаните на Унгарија минатиот месец на...

ОМД упати апел до Македонците од дијаспората да се регистрираат и да гласаат

Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број на гласачките места и да го изразиме нашето демократско право на глас, велат од Обединетата македонска дијаспора. „На 11 декември, Република Македонија ќе се најде пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава. Единствениот...

Американците масовно го „гуглаат“ прашањето „како да гласам“

Еден ден ги дели САД од резултатите од историските претседателски избори помеѓу Доналд Трамп и Хилари Клинтон, а Американците времето го користат за да го „прашаат Гугл“ како да гласаат. Податоците од пребарувањето на „Гугл“ покажуваат дека бројот на пребарувања на прашањето „како да гласам“ во периодот од 1 октомври до 1 ноември се зголемил за неверојатни 233 отсто во однос...

Во ДИК до денеска се пријавиле 8.258 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

Преку веб-апликацијата на Државната комисија, до денеска, 7 ноември, до 14 часот, поднесени се вкупно 10.235 пријави од граѓани за гласање во странство. Од нив, 8.258 пријави се прифатени, 166 се одбиени, а другите се во обработка. ДИК соопшти дека најголем број пријави, повеќе од 1.000, досега се поднесени за гласање во Берн, Венеција и во Детроит. ДИК напоменува дека најголем дел...

#Одговорност е јавната администрација да не се третира како гласачка машина

Дел од „бомбите“ што минатата година ги објави опозицискиот СДСМ, го открија тоа што многумина го знаеја: голем дел од администрацијата, што од послушност, што од немај-каде, од пусти страв да не остане „без парчето леб“, гласа така како што ќе наложи партијата на власт. Небаре сме во времето на еднопартизмот. Само за илустрација, во седмата „бомба“, во разговори...

До денеска за гласање во странство се пријавиле 5.550 граѓани

Заклучно со 2 ноември 2016 година, до 14 часот, можноста за пријавување за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларните канцеларии, преку електронската апликација поставена на веб-страницата на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 5.550 граѓани на Република Македонија. Од вкупниот број пријави, 4.876 се прифатени, 118 пријави се одбиени, додека 556 пријави се во фаза на обработка. Од...

Социјалистичката партија даде предлози за реформи на изборниот законик на Албанија

Додека специјалната комисија за изборните реформи сè уште не почнала да ги применува промените на изборниот законик, Социјалистичката партија на Албанија ги подготви своите предлози за измени во законската регулатива за изборите. Освен измените со кои им се овозможува да гласаат на албанските иселеници, Социјалистичката партија побара половична или целосна деполитизација на работата на второ и на трето ниво, но...

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ одржа перформанси во неколку градови

Граѓанската акција „Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро!“ во текот на вчерашниот ден организираше акции и перформанси во Куманово, Гевгелија и во Струмица. Тимови на граѓански активисти можеа да се забележат на најфреквентните локации низ градовите. Тие дискутираа со жителите за нивните проблеми и за тоа колку е важно сите да излезат на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 11 декември оваа...

Во ДИК до денеска се пријавиле 2.099 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

До денеска, до 14 часот, во ДИК се пријавиле 2.099 граѓани на Република Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство, за да имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори. Од ДИК информираат дека од 2.099 пријави колку што пристигнале преку електронската апликација, прифатени се 1.413, одбиени се 61, а 625 се во обработка. Пријавувањето, кое трае...

Во ДИК до денеска се пријавиле 1.519 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

До денеска, до 15 часот, во ДИК се пријавиле 1.519 граѓани на Република Македонија, кои се на привремена работа или престој во странство, за да имаат право да гласаат на претстојните предвремени парламентарни избори. Од ДИК информираат дека од 1.519 пријави колку што пристигнале преку електронската апликација, прифатени се 977, одбиени се 47, а 495 се во обработка. Пријавувањето, кое трае до...

Пријавувањето за гласање во дијаспората ќе трае до 11 ноември

Вкупно 1.011 граѓани преку електронската апликација на веб-страницата на Државната изборна комисија се пријавиле за предвремените парламентарни да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва на 11 декември оваа година, соопштија од ДИК. Од Комисијата велат дека од 1.011 пријави, 515 се прифатени, 32 се одбиени, а 464 се во фаза на обработка. „Државната изборна комисија ги повикува сите граѓани кои се на привремена...

Досега пријавени 540 граѓани од дијаспората за гласање на изборите

До денеска, до 14 часот, во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, за гласање на претстојните предвремени парламентарни избори се пријавиле 540 граѓани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Како што информираат од ДИК, од пријавите 217 биле прифатени, 19 се одбиени, додека 340 се во фаза на обработка. „ДИК ги повикува сите граѓани...

Шпанските социјалисти го тргнаа ветото за избор на новата конзервативна влада

Социјалистичката работничка партија на Шпанија одлучи повеќе да не ја блокира и да ѝ го отвори патот на новата малцинска влада во Мадрид, на чие чело вторпат би требало да застане лидерот на конзервативната Народна партија, Маријано Рахој. Со ова, како што пренесуваат светските медиуми, би требало да се стави крај на 10-месечната политичка блокада, која ги парализираше институциите и...

Вкупно 11 граѓани од дијаспората до денеска се пријавиле за гласање на изборите

До денеска, заклучно до 14 часот, вкупно 11 македонски државјани што живеат во странство се пријавиле за гласање на изборите на 11 декември во дипломатско-конзуларните преставништва на земјава, преку апликацијата поставена на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), соопштија денеска од Комисијата. Од пријавите, како што информираат од ДИК, 10 биле прифатени, а една пријава е во фаза на обработка. „Државната изборна...

Бејли: Важно е сите, особено младите, да гласаат на изборите во САД и во Македонија

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, ги повика сите граѓани со право на глас, особено младите, да излезат и да гласаат на претседателските избори во САД и на предвремените парламентарни избори во земјава, закажани за 11 декември. Бејли ваквата порака ја испрати за време на вчерашната посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, каде разговараше со...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...