fbpx
Таг: гласање

таг: гласање

Гутереш и официјално е новиот генерален секретар на ОН

Генералното собрание на Обединетите нации, во кое има претставници на 193 држави, денеска едногласно го именуваше поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, за нов генерален секретар на светската организација, јавуваат светските агенции. Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 декември. Со денешното гласање на генералното...

Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците е нов министер без ресор

Пратениците во Собранието денеска на предлог на премиерот Емил Димитриев го разрешија министерот без ресор Фуркан Чако, а на негово место го избраа Бејџан Иљас, негов сопартиец од Демократската партија на Турците. Димитриев образложи дека од Демократската партија на Турците до него доставиле допис со барање за замена на министерот без ресор со ново лице, а образложението било дека со...

Трајанов: Ако Хан притисне, законите за СЈО можат да се донесат и в понеделник

Собранието денеска не го усвои предлогот на пратеникот Павле Трајанов на дневен ред да се стават измените на Законот за Специјалното јавно обвинителство (за продолжување на рокот за истраги) и на Законот за заштита за сведоци. За разгледување на законите во редовна постапка, како што изјави Трајанов за „Мета“, гласале сите присутни пратеници од СДСМ, ДУИ, ДПА и независните пратеници,...

Генералното собрание на ОН ќе гласа за Гутереш

Генералното собрание на ОН, во кое има претставници од 193 држави, денеска ќе гласа за именување на поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш, на позицијата генерален секретар на светската организација. Претседателот на Генералното собрание на ОН, Питер Томпсон, соопшти дека се надева дека именувањето на Гутереш ќе биде потврдено едногласно. Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш...

Новиот судија во Стразбур се правда, а за Најчевска одлуката е „срамна и бедна“

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера со 106 гласа „за“ го избра шефот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, за нов судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од Македонија. Уставната судијка, Нашата Габер-Дамјановска, на која Комисијата за избор на судии пред 10 дена ѝ даде предност и во трката влезе...

Полскиот парламент го одби контроверзниот закон за абортус

Полскиот парламент со големо мнозинство го одби контроверзниот предлог-закон, кој предвидуваше целосна забрана на абортусот, а од владата соопштиле дека причината поради која министрите решиле да подразмислат околу законот биле масовните протести во земјата, јавува „Би-би-си“. Членовите на парламентот со 352 гласови „против“, го одбиле законот за абортус, додека за него гласале 58 пратеници. Законот беше предложен од граѓанска иницијатива која...

Гутереш на чекор да биде избран за нов генерален секретар на ОН

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, речиси со сигурност ќе биде новиот генерален секретар на Обединетите нации (ОН) откако на денешното гласање ниту една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН не стави вето на неговиот избор, јавуваат светските агенции. Денешното, шесто неформално гласање за нов генерален секретар на светската орагнизација беше клучно, бидејќи постојаните членки на...

Керим падна на осмо место по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Македонскиот кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, падна на осмото место по денешниот петти круг на гласање во Советот за безбедност на ОН. Керим на ова гласање од амбасадорите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН добил шест позитивни поени и девет негативни поени. На првото место сè уште е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор...

Бугарија ја услови поддршката на Бокова за генерален секретар на ОН

Бугарската влада ќе продолжи да ја поддржува кандидатурата на Ирина Бокова за генерален секретар на Обединетите нации, но под услов таа да биде меѓу првите двајца кандидати на следните гласања. Ова вчера го истакна бугарскиот премиер Бојко Борисов, по повод пишувањата во медиумите дека Софија е можно да ја повлече кандидатурата на Бокова поради слабиот резултат од последното гласање,...

Керим меѓу првите четворица по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Срѓан Керим, е меѓу првите четворица по завршениот четврти круг на гласање, соопштија од неговиот кабинет. По денешниот неформален круг на гласање, на прво место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, а на трето место е кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ. Следното...

Собранието без опозицијата го изгласа Оливер Андонов за министер за внатрешни работи

Собранието доцна вечерва со 65 гласа „за“ и ниту еден против, го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. За време на гласањето, во салата не беа присутни пратениците од опозицијата. На гласањето за нов министер му претходеше жестока расправа меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека со предлогот...

Оливер Андонов ќе биде министер за внатрешни работи за еден ден

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, поднесе оставка, а Оливер Андонов е предлог на Владата за нов министер за внатрешни работи. Андонов ќе биде министер за внатрешни работи само еден ден, до назначувањето на Оливер Спасовски од СДСМ, кој на ова место се враќа како дел од преодната влада, која почнува да функционира в сабота. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, потврди...

Керим на петтото место во трката за генерален секретар на ОН

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, синоќа заврши на петтото место по тајното гласање во Советот за безбедност на ОН. Керим добил шест охрабрувачки гласа, седуммина од членовите на Советот за безбедност не ја охрабруваат неговата кандидатура, а двајца биле воздржани. По третиот круг на гласање, Антонио Гутереш и понатаму е главен фаворит, со освоени 11 гласа „го...

Трет круг гласање за генерален секретар на ОН

На седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, денеска ќе се одржи третиот круг од гласањето за нов генерален секретар на светската организација. По гласањето би требало да биде познато кој е фаворит за функцијата, кој, конечно, ќе ја напушти трката, но и како ќе се пласира македонскиот кандидат Срѓан Керим. Се очекува четворица да влезат во завршниот процес. Тие...

Меј нема да дозволи во парламентот да се гласа за Брексит

Британската премиерка Тереза Меј нема да дозволи во парламентот да се одржи гласање за Брексит пред формалното почнување на постапката за излегување на Велика Британија од Европската Унија. Како што наведува „Дејли телеграф“, Меј на противниците нема да им пружи шанса да ја блокираат одлуката за излегување. Британската премиерка консултирала правници кои велат дека таа има овластување да го почне...

Собранието на Србија ја изгласа новата влада на Вучиќ

Пратениците во српското Собрание денеска со мнозинство гласови ја избраа новата влада на премиерот Александар Вучиќ, јавуваат медиумите. Како што соопшти претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, на седницата за избор на новата влада вкупно гласале 225 пратеници, од кои 163 гласале „за“, „против“ биле 62, а воздржани немало. Претставниците на опозициските партии не го поддржале изборот на новата влада, наведувајќи дека...

Гутереш води и по вториот круг гласање за нов ген-сек на ОН, Керим останува во трката

Во Советот за безбедност на Обединетите нации се одржа вториот прелиминарен круг на гласање за избор на нов генерален секретар на Светската организација, во кој најмногу гласови, како и во првиот круг освоил поранешниот премиер на Португалија Антонио Гутереш. Според дипломатски извори, за кандидатурата на Гутереш гласале 11 членови на Советот за безбедност, двајца биле против, а двајца биле воздржани. Македонскиот...

Изборот на генерален секретар на ОН е неизвесен до крај

Засега сосема е неизвесно кој ќе го замени генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ако се има предвид дека големите дипломатски игри допрва треба да почнат. Резултатите од првиот круг гласање може различно да се толкуваат. Петнаесетте членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, за секој од кандидатите треба да се изјаснат со „го охрабруваме“, „не го охрабруваме“ или „немаме...

Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година

Со 55 гласа „за“ и со 23 „против“, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот за 2016 година. За ребалансот не гласаа пратениците од опозицијата, кои истакнаа дека не се согласуваат со предложениот ребаланс зашто во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, е незаконски издадена. Ребалансот на буџетот предвидува намалување на вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291...

Пратениците денеска ќе гласаат за ребалансот на буџетот за годинава

Собранието денеска на продолжението на 111. седница треба да гласа за ребалансот на буџетот за 2016 година. Општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта. Претставниците на опозицијата се изјаснија против предложениот ребаланс на буџетот и побараа да се повлече од дневниот ред бидејќи во него е и еврообврзницата, која, како што рекоа, е незаконски издадена. Со ребалансот на буџетот...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...