Генералното собрание на ОН ќе гласа за Гутереш

-

Генералното собрание на ОН, во кое има претставници од 193 држави, денеска ќе гласа за именување на поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш, на позицијата генерален секретар на светската организација.

Претседателот на Генералното собрание на ОН, Питер Томпсон, соопшти дека се надева дека именувањето на Гутереш ќе биде потврдено едногласно.

Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 декември.

Португалецот би требало да стане деветти генерален секретар на ОН во 71-годишната историја на организацијата.

Освен што бил премиер на Португалија, од 1995 до 2002 година, Гутереш десет години бил на позицијата висок комесар за бегалци на ОН, од 2005 до 2015 година.

Номинацијата на Гутереш ги разочара тие што се залагаа на позицијата генерален секретар првпат да биде избрана жена, како и тие што се надеваа дека првпат на чело на светската организација, според непишаното ротирачко правило, ќе биде избрана личност од источноевропска земја.

Дипломатите соопштија дека гласале за најдобриот кандидат, без разлика на другите критериуми.
Генералниот секретар ја регулира работата на 44.000 службеници на ОН и на повеќе од 100.000 припадници на мировните сили.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...