fbpx

Новиот судија во Стразбур се правда, а за Најчевска одлуката е „срамна и бедна“

-

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) вчера со 106 гласа „за“ го избра шефот на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Јован Илиевски, за нов судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур од Македонија.

Уставната судијка, Нашата Габер-Дамјановска, на која Комисијата за избор на судии пред 10 дена ѝ даде предност и во трката влезе како најквалификуван кандидат, на вчерашното гласање доби 86 гласа. Третиот кандидат, професорот и актуелен амбасадор на Македонија во Ватикан, Звонимир Јанкуловски, доби пет гласа.

По гласањето со коментари во јавноста излегоа двајцата најсериозни кандидати за судиската функција.

Габер-Дамјановска изборот на ПССЕ на својот фејсбук-профил го искоментра со зборовите „Премногу и од Европа“.

„За да не ме прашувате одделно, еве да ви кажам, Илиевски – 106 гласа, јас – 86 гласа. Премногу и од Европа“, напиша на уставната судијка на „Фејсбук“.

Јован Илевски, пак, за „Дојче веле“ вели дека му е жал што е третиран како „баџанакот на Мијалков“ (поранешниот директор на УБК), бидејќи, како што додава, бил „професионлано реализиран“ уште пред доаѓањето на оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

„Јас и пред нашата Комисија бев целосно искрен. Во сите изминати години буквално сум се преработил. Не ми беше право и жал ми е што во јавноста сум третиран како „баџанакот на Мијалков“, бидејќи ако се погледне хронологијата на мојата професионална кариера, јасно е дека сум се реализирал во годините пред оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт“, вели Илиевски.

Одлуката на ПССЕ на својот фејсбук-профил ја искоментира и професорката и поранешна претседателка на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, Мирјана Најчевска, нарекувајќи ја „срамна и бедна“ и додавајќи дека „Советот на Европа е составен од група многу поткупливи луѓе кои немаат поим од човекови права“.

„Советот на Европа со изборот на Јован Илиевски за судија во ЕСЧП покажа дека ја поддржува фашистичката власт во Република Македонија. Еден, единствен кандидат да беше, не смееше да биде избран, а во споредба со Наташа… Срамна и бедна одлука на Советот на Европа која ќе има далекусежни последици не само врз Македонија туку врз секој иден случај што ќе дојде пред судот, а кој ќе биде решен со мито. Ова беше местото каде што се бараше конкретна одлука на европските држави да покажат кого поддржуваат во оваа држава. Не продавање пуфки, не држење лекции, не држење предавања. Требаше да изберат. И тие избраа. Јасно и гласно ја поддржаа мафијата. Срам да ви е“, пишува Најчевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...