fbpx

Пратениците денеска ќе гласаат за ребалансот на буџетот за годинава

-

Собранието денеска на продолжението на 111. седница треба да гласа за ребалансот на буџетот за 2016 година. Општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта.

Претставниците на опозицијата се изјаснија против предложениот ребаланс на буџетот и побараа да се повлече од дневниот ред бидејќи во него е и еврообврзницата, која, како што рекоа, е незаконски издадена.

Со ребалансот на буџетот треба да се намалат вкупните приходи од 177,292 милиони денари на 174,291 милиони денари, како и вкупните расходи од 196,276 милиони денари на 195,472 милиони денари. Дефицитот е ревидиран од 18,984 милиони денари на 21,181 милион денари.

На дневен ред на 111. седница се и предлог-законот за изменување на Законот за државниот испитен центар, кој треба да биде донесен по скратена постапка, како и годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2015 година.

На седницата ќе се расправа и за измените и дополнувањата на Законот за здравственото осигурување, Законот за градежно земјиште, Законот за административни службеници и на Законот за спортска академија, сите по скратена постапка.

Пратениците ќе расправаат и за неколку предлог-одлуки за избор на член на Советот на јавните обвинители на РМ, за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, како и за избор на член на Судскиот совет на РМ.

Пратениците денеска ќе треба да ги ратификуваат и спогодби со владите на Виетнам, Италија и на Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во Изборна единица 3 на претстојните избори Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот...