вторник, 9 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Ребаланс на буџет | 31 резултати

АНАЛИЗА: Увид во ребалансот на Буџетот, помалку трансфери за невладините, кратења за комунални услуги

септември 20, 2023

Милионски суми од капиталните расходи се скратени за да се обезбедат пари за повисоки плати. Кај сите ресори и институции се предвидени повисоки буџети за плати, придонеси и надоместоци, но од друга страна има кратења, пишува Порталб.мк. Финансиски поместувања во министерствата За Министерството за политички систем се предвидува намалување на средствата за патни и дневни трошоци, […]

АНАЛИЗА: Бруто инвестициите во пад, без вложување нема економски раст

јуни 25, 2023

Првиот квартал од годинава започна со раст на БДП од 2,1 oтсто, но со пад на бруто инвестициите за повеќе од 22 отсто, пишува Порталб.мк. Народната банка регистрираше раст на странските директни инвестиции, но се поставува прашањето, во што се состои основата на тој раст, нови гринфилд инвестиции или реинвестирана добивка? Кога станува збор за […]

Годинава ќе се инвестира во пречистителната станица во „Југохром“ за справување со шестовалентниот хром

јануари 16, 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање во 2023 година ќе го стави фокусот на непречено одржување во функција на пречистителната станица за отпадни води во кругот на фабриката „Југохром“ од Јегуновце, каде се доведуваат на прочистување водите-исцедокот од индустриската депонија со опасниот шестовалентен хром, лоцирана крај реката Вардар во тетовското село Јегуновце. Министерот за […]

АНАЛИЗА: Детали – кој остана со помалку, а кој доби повеќе со кризната прераспределба на буџетот?

октомври 27, 2022

Помалку пари за договорни услуги, за реконструкција на основни и средни училишта, за универзитети, за животна средина, повеќе пари за комунални сметки, за набавка на опрема и машини и за мерки за помош. Некои министерства ќе останат без дел од буџетските средства наменети за капитални вложувања, во други пак се крати за една намена, се […]

Ковачевски: Целиме кон враќање на економијата во предпандемиско ниво

јули 24, 2022

Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата, напиша денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи дека со ребалансот на Буџетот што Собранието го усвои изминатата недела, се обезбедува економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во […]

Собранието го усвои ребалансот на буџетот за 2022 година

јули 19, 2022

Собранието, со 61 глас „за“ денеска го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година. Вкупните приходи во Буџетот за 2022 година се утврдени на ниво од 245,8 милијарди денари, додека вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос […]

Град Скопје нема пари за широка мрежа мерни станици за загадување на воздухот и за Зелен катастар

јули 12, 2022

Нема пари за широка мрежа на нискобуџетни мерни станици за следење на загадувањето на воздухот кои требаше да се постават во целиот град, ниту пак за изработка на Зелениот катастар. Со последниот ребаланс на буџетот на Градот Скопје, што беше изгласан вчера помина само еден предлог на советниците од Зелен хуман град, за отворање на […]

Анализа на Порталб: Во однос на министерствата – повисоки плати има во агенции, комисии, инспекторати…

јуни 16, 2022

Во најава е предупредувачки протест на ССМ – се бараат повисоки плати во јавниот сектор, но и за вработените во државните и општинските фирми. Најава за протест и на вработени во дел од јавните претпријатија. Во меѓувреме – ребалансот на Буџетот е во Собрание, власта најавува дека ќе ја преиспитува продуктивноста на буџетарите пред да […]

Собраниската расправа за ребалансот на буџетот ќе почне на 1 јули

јуни 22, 2021

Расправата во Собранието на РСМ за ребалансот на годинешниов државен буџет ќе започне на 1 јули. На парламентарната веб-страница за овој датум е закажано заседанието на Комисијата за финансирање и буџет. Со буџетскиот ребаланс, предвидено е зголемување на приходите и расходите за оваа годинава, но и пораст на буџетскиот дефицит. Според објавениот Предлог за изменување […]

Во Собранието започна расправата за ребалансот на буџетот за 2020

октомври 29, 2020

Започна собраниската расправа за изменување и дополнување на буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, заедно со предложените амандмани  од комисиската расправа. Образложение за потребата од ребаланс на почетокот даде министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека ефектуирањето на четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на ребалансот. „Вкупните приходи со измените и […]

Бесими: Економијата годинава ќе отиде во минус од 4,4 проценти

октомври 5, 2020

Вториот ребаланс на буџетот годинава е со цел да им се помогне на институциите за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, донесени за одржливост на домашната економија и на работните места, за кога кризата ќе заврши, да се продолжи со позитивните трендови на новата развојна македонска економија. Тоа го посочи министерот за финансии Фатмир Бесими, […]

Со буџетскиот ребаланс не се скратија парите за изградба на пругата кон Бугарија

јуни 3, 2020

Со ребалансот на буџетот за 2020 година се скратија средства од над 12 милиони евра што беа предвидени годинава да се инвестираат во железничката инфраструктура во земјава. Пандемијата со корона вирусот и неопходноста за намалување на буџетските расходи како резултат на забавените економски активности придонесоа првично планираните 43 милиони евра да се намалат на 30,6 […]

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

мај 8, 2020

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. […]

Скопје и владата се подготвени за објавување на повикот за субвенционирање на инвертерите

јануари 29, 2020

Градските власти и владата ги прават последните подготовки пред распишувањето на повикот за доделување на субвенции за набавка на инвертер клима уреди од домаќинствата во главниот град. Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните […]

Беса: Владата разочара во првите 100 дена, отсега нема простување

септември 6, 2017

Новата Влада во првите 100 дена покажа дека продолжува да работи по стариот терк – на штета на граѓаните, а во интерес на сопствените политички цели. Ова е ставот кој денеска го соопшти партијата Беса по повод стоте дена од формирањето на Владата. Од партијата велат дека оваа влада, како и претходната, продолжила да ги […]

Заев: Стоте дена ги посветивме на граѓаните, на економијата и на пријателство кон соседите

септември 5, 2017

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција даде отчет за сработеното во првите 100 дена од формирањето на Владата – под мотото „Зборот е збор“. Заев подвлече дека активностите и мерките на Владата во првите сто дена биле насочени кон пет сектори: враќање на парите кај граѓаните, економијата, враќање на институциите во служба на граѓаните, пријателство […]

Пратениците го усвоија ребалансот на буџетот, ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше гласањето

август 6, 2017

На денешната пленарна седница пратениците со 61 глас „за“ и со два гласа „против“ го усвоија ребалансот на буџетот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иако учествуваа во петте дена расправа за ребалансот на буџетот, за време на гласањето ја напуштија седница за, како што рече пратеникот Илија Димовски, цела одговорност да ја остават на парламентарното мнозинство. Со […]

Последен ден дебата за ребалансот на буџетот, утре седница за разрешување на Зврлевски

август 6, 2017

Пратениците денеска последен ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот на пленарната седница во Собранието, закажана за 13 часот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека вака како што е проектиран, ребалансот на буџетот нема да овозможи никаков пораст на економијата и тешко ќе бидат остварени 2,2 проценти пораст на домашниот бруто-производ. Тие предвидуваат дека до крајот на […]

Расправата за ребалансот на буџетот прекината еден час порано – продолужува утре

август 3, 2017

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска еден час порано ја прекина пленарната седница за ребалансот на буџетот, а продолжението го закажа за утре во 11 часот. И на денешната седница претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврдеа дека ребалансот што го предлага Владата е неразвоен и дека средствата што се кратат од клучни сектори се пренаменуваат за зголемување […]

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти додека Тевдовски говереше за буџетот

август 1, 2017

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на првата пленарна седница за ребалансот на буџетот пред пратениците во Собранието ја образложи целта на ребалансот. Додека траеше експозето на Тевдовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кренаа транспаренти на кои главната порака беше дека „се крати од Македонија“ и беа наведени сумите што е предвидено да се скратат со ребалансот на буџетот. […]

Страна 1 од 2