fbpx

Керим на петтото место во трката за генерален секретар на ОН

-

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, синоќа заврши на петтото место по тајното гласање во Советот за безбедност на ОН. Керим добил шест охрабрувачки гласа, седуммина од членовите на Советот за безбедност не ја охрабруваат неговата кандидатура, а двајца биле воздржани.

По третиот круг на гласање, Антонио Гутереш и понатаму е главен фаворит, со освоени 11 гласа „го охрабрувам“, три „не го охрабруваме“ и еден „немаме мислење“. Веднаш зад него е Мирослав Лајчак од Словачка со девет позитивни, пет негативни и еден неодлучен глас, додека поранешниот шеф на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, ја дели третата позиција со кандидатот на Бугарија, Ирина Бокова. Двајцата во третата рунда на гласање освоија седум позитивни, пет негативни и три воздржани гласа. На четвртото место е аргентинската министерка за надворешни работи, Сузана Малкора, која освои седум „ја охрабруваме“, седум „не ја охрабруваме“ и еден глас „немам мислење“.

Зад Керим се Хелен Кларк од Нов Зеланд, Данило Тирк од Словенија, Наталија Герман од Молдавија и Кристина Фигуерес од Коста Рика.

На почетокот на трката имаше 12 кандидати, но бројот се намали на 10 откако кандидатите на Хрватска и на Црна Гора, Весна Пусиќ и Игор Лукшиќ, се откажаа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...