fbpx

До денеска за гласање во странство се пријавиле 5.550 граѓани

-

Заклучно со 2 ноември 2016 година, до 14 часот, можноста за пријавување за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство, односно конзуларните канцеларии, преку електронската апликација поставена на веб-страницата на Државната изборна комисија, ја искористиле вкупно 5.550 граѓани на Република Македонија.

Од вкупниот број пријави, 4.876 се прифатени, 118 пријави се одбиени, додека 556 пријави се во фаза на обработка.

Од ДИК, исто така, информираат дека преку веб-апликацијата поставена на веб-страницата на Државната изборна комисија, за проверка и за пријавување на лицата чии записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни, заклучно со 2 ноември 2016 година до 14 часот, поднесени се вкупно 114 пријави, од кои 111 се прифатени, додека три пријави се во обработка.

Од ДИК велат дека пријавувањето за гласање во странство, како и проверката на избирачкиот список ќе траат до 11 ноември 2016 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...