fbpx

Изборен ден во САД, неизвесна изборна трка помеѓу Клинтон и Трамп

-

Околу 225 милиони Американци денеска на претседателски избори ќе избираат помеѓу републиканецот Доналд Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Медиумите пишуваат, повикувајќи се на анкетите, дека изборите се неизвесни како никогаш досега, а најновата анкета на „Блумберг“ покажува дека Клинтон е во водство за три проценти во однос на Трамп.

Предизборната кампања ја одбележа беспоштедната борба на двајцата кандидати и постојаните меѓусебни обвинувања за неспособност, но и аферата за повторното отворање на ФБИ истрагата против Клинтон поради спорните употреби на приватната електронска пошта во службени цели.

Кампањата ја одбележаа и спорните изјави на Трамп за жените, бегалците, како и скандалот во врска со тоа дали избегнувал да плаќа данок, но и тврдењата дека Русија се обидува да влијае на исходот на изборите.

Републиканскиот кандидат Трамп, во изјава за „Фокс њуз“, се пошегува и рече дека „одлучил да гласа за Трамп“.

– Гледам надеж, соништа кои би можеле да бидат остварени со вистинскиот лидер. Добро ни оди во Северна Каролина, Флорида, Њу Хемпшир, Охајо. Којзнае што ќе се случи, но ќе добиеме доста држави – рече Трамп.

Претходно тој на својот твитер-профил напиша „Денеска ја правиме Америка повторно голема“.

Неговата противкандидатка Клинтон, пак, напиша „Не постои такво нешто како глас што не важи. Денеска може да направите разлика. Излезете да гласате“.

Победата во трката за прв човек на една од светските сили ќе ја однесе кандидатот кој ќе собере 270 електронски гласови.

Резултатот до самиот крај ќе биде неизвесен, а главна улога повторно ќе игра Флорида, која има 29 електорати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...