Социјалистичката работничка партија на Шпанија одлучи повеќе да не ја блокира и да ѝ го отвори патот на новата малцинска влада во Мадрид, на чие чело вторпат би требало да застане лидерот на конзервативната Народна партија, Маријано Рахој.

Со ова, како што пренесуваат светските медиуми, би требало да се стави крај на 10-месечната политичка блокада, која ги парализираше институциите и го загрози заздравувањето на шпанската економија.

На седницата на федералниот комитет на шпанската социјалистичка работничка партија, 139 членови гласале „за“, а 96 „против“ социјалистите да бидат воздржани за време на гласањето за доверба на кабинетот на Рахој, кое треба да се одржи следната недела, со што тој би го добил вториот премиерски мандат.