fbpx

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 4,8 отсто, покажа анкетата на „Телма“

-

Разликата меѓу најголемите македонски политички партии изнесува 4,8 отсто, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС.

Доколку утре се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,7 отсто од гласачите, за СДСМ – 18,9 отсто, за ДУИ – 6,2 отсто, за ДПА – 3,3 отсто, за Беса – 1,2 отсто, додека за други партии би гласале 4,9 отсто.

Од албанскиот електорат, 6,3 проценти се изјасниле дека ќе гласаат за СДСМ, а 1,3 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.

Во анализата на анкетата се наведува дека дури 18,2 проценти од гласачкото тело кое се изјаснило дека ќе гласа на изборите не сакало да одговори за кого ќе гласа. Од нив, 14,3 отсто работат во јавниот сектор, 16,4 проценти се од приватниот сектор, 17,7 проценти се невработени.

Податоците од анкетата покажуваат дека 14,9 отсто од електоратот сè уште се неопределени, а 8,5 отсто нема да излезат на изборите.

Анкетата е направена лице в лице во периодот од 6 ноември до 20 ноември, односно пред почетокот на изборната кампања, кога сè уште немаше кандидатски листи и не беа направени коалициите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...