fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

Пиратите брцнаа во кошницата на „Медена земја“

На „Јутјуб“ се појави пиратска верзија од документарниот филм „Медена земја“, кој деновиве е главна вест кај нас и во регионот поради историскиот успех со двете номинации за Оскар. Веднаш потоа скокна бројот на пребарувања на терминот Honeyland на видеоплатформата. trends.embed.renderExploreWidget("TIMESERIES", {"comparisonItem":,"category":0,"property":"youtube"}, {"exploreQuery":"date=now%207-d&gprop=youtube&q=honeyland","guestPath":"https://trends.google.com:443/trends/embed/"}); Дека станува збор за пиратска верзија потврдија и од „Арс ламина“ кој...

Дизајни за поддршка на „Медена земја“ на патот кон оскарите (галерија)

Не стивнува еуфоријата по историскиот успех на екипата на „Медена земја“, филмот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кој е номиниран во две категории за оскарите, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. По бројните изјави, пофалби и желби за уште поголем успех на доделувањето на оскарите на 9 февруари во славеничката атмосфера се вклучија и...

Донесен Законот за младинско учество и политики за поголема вклученост на младите во носењето одлуки

Со консензус од партиите на власт и опозицијата, во Собранието се изгласа Законот за младинско учество и младински политики кој треба да донесе поголема вклученост на младите во носењето одлуки преку Национално собрание на млади, локални младински совети и собранија и повеќе сервиси за младите. Целта на законот е да обезбеди креирање и спроведување на политика на млади на сите...

Филипа, бугарска врсничка на Грета Тунберг: Ти ли најде да зборуваш за украдено детство!?

Филипа Николова, 16-годишно девојче од Бугарија, која сега живее во Лос Анџелес, каде нејзината мајка Љубка Качакова сега е трговско аташе на Бугарија, предминатата седмица стана сензација со нејзиното видео во кое се спротивставува на младата шведска еко-активистка, 17-годишната Грета Тунберг, оспорувајќи некои од нејзините ставови. Филипа, за која бугарскиот весник „24 Часа“ пишува дека од петгодишна возраст, свесна за...

„Че тим ТВ“: Учениците едвај читаат, покажа тестирањето ПИСА (видео)

Младите од „Че тим ТВ“ направија ново видео со кое се осврнуваат на лошите резултати на учениците од Македонија во последниот извештај на ПИСА (Programme for International Student Assessment). Според она што го соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), средношколците од Северна Македонија се рангирани на 67 место во светот, со просечен резултат од 393 поени за читање,...

Иван Ајнштајн, јутјубер: Секој има еднакви можности, само треба паметно да ги искористи (видео)

Со 42 илјади седбеници на Јутjуб, Иван Ајнштајн е еден од најпознатите јутjубери во нашата држава. Продуцира различни содржини, но исто така се занимава и со музика. Со него ја започнуваме серијата интервјуа со познати фаци од социјалните медиуми. Откако ќе го погледнете спотот, прочитајте што ни кажа Иван на темите на кои му поставивме прашања. https://www.youtube.com/watch?v=YweKlzZS8XE Каналот Иван Ајнштајн е...

Ема од Friends во 2020-та се разбуди од дремката

Friends е една од најпопуларните серии во историјата која и ден денеска се гледа одново и одново. На почетокот на годинава фановите беа пријатно изненадени откако актерката која кога била бебе ја глумела Ема, ќерката на Рејчел и Рос, на нејзиниот Инстаграм ја направила совршената референца на една од познатите реплики на Чендлер за годината 2020. Во епизода од серијата...

Најплатените Инстаграм ѕвезди за 2019 година

Инстаграм инфлуенсерството доживеа голем подем во изминатата година. Објавени се најпрофитните инстаграм профили, кои заработиле најмногу од Инстаграм реклами во минатите 12 месеци. На врвот се најде Кристијано Роналдо кој всушност го има профилот со најмногу следачи во светот на Инстаграм. Интересно е да се спомене дека Роналдо од инстаграм заработил значително повеќе од годишната плата од клубот во...

Во Шангај дронови наместо огномет (видео)

За новогодишната прослава наместо традиционалните огномети, во Шангај го прославиле доаѓањето на новата година со 2.000 дронови испрограмирани да прават совршени форми преку ноќното небо. Погледнете: https://www.youtube.com/watch?v=v05uHuJj7Hs

Министерот, загадениот воздух и праведниот човек (видео)

Момците од Че Тим имаат ново видео - овој пат во фокусот им е загадувањето на воздухот. (за македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото) https://www.youtube.com/watch?v=1q3ITYh0fA0&feature=youtu.be Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека најмалку пари се инвестираат за справување со овој проблем, како и дека најмалку даноци се наплатуваат по оваа основа. Имено, трошоците за заштита...

Младиот Рајли Хауел стана вистински Џедај мастер откако го жртвуваше животот за да ги спаси соучениците

21-годишниот Рајли Хауел (Riley Howell) загина во април годинава во вооружен напад на универзитетот во Северна Каролина во САД. Во моментот кога напаѓачот влегол во училницата во која се наоѓале тој и неговите соученици Рајли му се нафрлил и го соборил. Тоа им дало време на луѓето задолжени за обезбедување да реагираат. Рајли успеал да ги спаси животите на...

Пет филмови со жени херојки кои доаѓаат во 2020 (видео)

Се најавува дека 2020 година ќе биде одбележана од филмови со главни силни женски улоги. Од суперхеројки преку одмазднички се до вистински приказни, еве дел од филмовите кои ќе можеме да ги погледнееме во 2020: Bombshell - 17 јануари Базиран на вистинска приказна за група новинарки од американската телевизија Fox News кои се креваат против директорот заради сексуално вознемирување на работното...

Студентите избраа свои претставници во рамки на факултетите

По повеќе од три години, УКИМ распиша и спроведе избори за студентски претставници преку кои гласот на студентите ќе биде слушнат во рамките на факултетите и универзитетот. Младински образовен форум во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики спроведе мониторинг на студентските избори на УКИМ. Тим од 25 набљудувачи помина обука за набљудување и беше присутен...

“All I want for Christmas is You“ по 25 години конечно на врвот (видео)

25 години од објавувањето на безвременската “All I want for Christmas is You“ на Мараја Кери, хитот за прв пат оваа година го достигна првото место на Билборд листата. Оваа песна со години наназад го одбележува празничниот период и ретко кој не ја знае или не ја запеал. All I want for Christmas is You e само втора празнична песна...

Шилегов ја разреши директорката на гимназијата „Никола Карев“ (видео)

Градоначалникот Петре Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата „Никола Карев“ во Скопје, а по објавената снимка каде Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата им се заканува со последици ако излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување. „Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да...

Секој трет средношколец бил кај школскиот психолог поради недисциплина

„32,9 проценти од средношколците од Скопје, го посетиле или биле пратени кај училишниот психолог заради недисциплинираност, а 15 проценти заради голем број на изостаноци“, велат податоците произлезени од истражувањето „Перцепции за менталното здравје помеѓу средношколците во Скопје“ кое Здружението на граѓани „Младите можат“ го спроведе годинава. Токму овие податоци беа инспирација за панел дискусијата „Ќе те пратам кај психологот! –...

Како (со стил) да се преживее зимата (видео)

„Пошто ситуацијата со воздухот нема абер да се подобри во скоро време, јас ќе ви покажам како да ја преживеете зимата и во исто време да изгледате фешн и тренди“, вели Кика Авеиро во незиното ново видео, во кое на саркастичен начин одговара на моментална ситуација со загаденоста на воздухот. Во видеото таа покажува различни начини како да се стилизираат...

Кое е решението за врсничкото насилство? (видео)

Дали посветуваме доволно време на разговор и изнаоѓање решение за врсничкото насилство? Дали мерките кои се преземаат се вистинскиот чекор кон решавање на проблеот? До какви последици може да се дојде доколку не се преземе соодветна акција? Ова се некои од прашањата кои ги поставува Кика Авеиро во незиното видео. Кика го споделува своето мислење како и искуството на програмата...

„Че тим ТВ“: Партиски вработувања во јавната администрација (ВИДЕО)

Младите на „Че тим ТВ“ започнаа со објавување нoва серија со кратки видеа.  Темата на првото видео се однесува на вработувањата во јавната администрација, пренесува Порталб.мк. (за превод на македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото) Јавната администрација во северна Македонија минатиот период, но и сега е цел на критики бидејќи постои перцепција дека е...

Жени криминалци (видео)

На лавината реакции во врска со грешките во учебниците по социологија, им се приклучи и Кика Авеиро. Кика вели дека во минатото и таа лично објавувала и зборувала за грешки кои можат да се најдат во учебниците од кои учат децата, но дека случајот со учебникот по социологија ги носи работите на ново ниво. Во видеото таа објаснува какво влијание...