25 години од објавувањето на безвременската “All I want for Christmas is You“ на Мараја Кери, хитот за прв пат оваа година го достигна првото место на Билборд листата.

Оваа песна со години наназад го одбележува празничниот период и ретко кој не ја знае или не ја запеал. All I want for Christmas is You e само втора празнична песна во историјата која го достигнала врвот на Билборд листата.

Мараја сними и нов спот за песната, во кој се појавуваат и нејзините деца.