Министерот, загадениот воздух и праведниот човек (видео)

Момците од Че Тим имаат ново видео – овој пат во фокусот им е загадувањето на воздухот.

(за македонски вклучете превод: кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото)

Најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека најмалку пари се инвестираат за справување со овој проблем, како и дека најмалку даноци се наплатуваат по оваа основа.

Имено, трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина.

Статистичарите пресметале колкаво е учеството на одделни трошоци за заштитата на животната средина во вкупните инвестиции и трошоци за оваа намена. Во 2018 година, најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпадот (64,2 отсто), потоа учеството на трошоците за oбразовни, воспитни и други слични активности (9,7 отсто) и трошоците за заштита на воздухот (2,1 отсто).