Донесен Законот за младинско учество и политики за поголема вклученост на младите во носењето одлуки

Фото: Мета.мк

Со консензус од партиите на власт и опозицијата, во Собранието се изгласа Законот за младинско учество и младински политики кој треба да донесе поголема вклученост на младите во носењето одлуки преку Национално собрание на млади, локални младински совети и собранија и повеќе сервиси за младите.

Целта на законот е да обезбеди креирање и спроведување на политика на млади на сите нивоа, преку повеќесекторски пристап.

Законот цели кон зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младинскиот активизам и младинската работа, како и личен, професионален и социјален развој кај младите.

Со новиот закон Владата и општините се обврзани да донесат стратегии за млади со посебни акциски планови, а општините се задолжуваат и да формираат канцеларии за  и младински центри и да одредат службеник кои ќе бидат посебни сервиси за младите.

Во рок од пет години секоја општина треба да овозможи функционирање на најмалку еден младински центар на територијата на општината, а во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон треба да се воспостави истражувачки центар за различни теми поврзани со младите во рамките на Агенцијата за млади и спорт.

На носењето на законот му преходеа дискусии организирани низ повеќе градови, а беа консултирани и младинските организации.