fbpx
Таг: GenZ

таг: GenZ

За два дена ќе се знае што кријат телефоните на креаторите на „Јавна соба“

За два дена ќе биде познато што открила истрагата во врска со случајот „Јавна соба“, групата на „Телеграм“ во која членовите споделуваа порнографски материјали од девојки, а која беше избришана откако за неа се дозна во јавноста. Како што информира за „Мета.мк“, Славјанка Петровска, заменичката министерка за внатрешни работи, засега нема нови пријави од девојки кои биле злоупотребени во групата,...

Сандра Туфеска е победничка во првиот циклус на платформата „Ново име“ која поддржува млади таленти

Сандра Туфеска е добитничка на 2.500 евра на платформата „Ново име“, која ги поттикнува младите таленти да аплицираат за овие средства, доколку имаат одреден талент. Туфеска е 20-годишна девојка од Демир Хисар која се претставила со својата вештина на цртање портрети, акрил на платно и молив на хартија. „Нејзината пријава се најде помеѓу 17 други, колку што ги задоволија неопходните критериуми...

Македонскиот студент Виктор Ивановски ја освои престижната „Annie“ награда за анимиран филм

Виктор Ивановски, студент по анимација на „Sheridan College“, Канада е дел од екипата што работеше на анимираниот филм „Лисицата и гулабот“ (The Fox and The Pigeon) кој годинава ја освои престижната „Annie“ награда за најдобар студентски анимиран филм, на 47. издание на манифестацијата „Annie awards“ во Лос Анџелес. Македонскиот студент Виктор, заедно со уште десет студенти работеа на реализација на...

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле дека биле злоупотребени во „Јавна соба“

Седум девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле во Бирото за јавна безбедност дека нивни фотографии се злоупотребени во групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“, вели за „Мета“ Славјанка Петровска, заменик министерка за внатрешни работи повикувајќи ги притоа сите кои биле злоупотребени да пријават во најблиската полициска станица. - Се работи на обезбедување на податоците за сторителите на...

„Јавна соба“ е збирштина на сексуални предатори кои женските тела ги гледаат како предмети без право на приватност

Девојките чии фотографии се нашле изложени пред илјадници членови на затворената група на „Телеграм“ наречена „Јавна соба“ се жртви на збирштина на сексуални предатори, кои виреат во една криперска средина каде родово базираната омраза не е само присутна, туку поттикната, велат за „Мета.мк“ експерти од областа на човековите права и родовото насилство. Овие девојки треба да бидат заштитени, а виновниците...

„Јавната соба“ ја покажа темната страна на затворените интернет групи

Последниот случај со компромитирачки фотографии споделени во мрежа на апликацијата „Телеграм“ кој сѐ уште ја бранува јавноста, е пример кој докажува дека младите не знаат како да ги заштитат своите лични податоци и да ја зачуваат својата приватност на Интернет. По повод 28 јануари - Европскиот ден на заштита на личните податоци побаравме одговори од повеќе компетентни соговорници за...

Најавени кривични пријави за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Две лица, од кои едниот креатор, а другиот администратор на групата „Јавна соба“, на апликацијата за брзи пораки „Телеграм“, вчера биле повикани во полициска станица. Како што информира на својот профил на Фејсбук дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска, продолжува истрагата на Бирото за јавна безбедност во врска со групата. „Вчера вечер во полициска станица беа повикани две лица, од кои едното...

Промовиран нов водич за заштита на детските права во основно образование

Коалицијата на младински организации „СЕГА“ промовираше „Водич за ученичко учество, ученичко организирање и заштита на детските права во основните училишта“, за полесна примена на одредбите од Законот за основно образование кои се однесуваат на ученичко учество и организирање. „Преку овој проект, во текот на една декада, значително се придонесе кон подобрување на примената на Конвенцијата за правата на детето во...

Филмската екипа на „Медена земја“ на ручек со Де Ниро, Ал Пачино, Бред Пит, Ди Каприо, Тарантино (галерија)

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, заедно со кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев се фотографираа со „кремот“ на светската кинематографија Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино. Фотографиите се направени за време на традиционалниот ручек кој Академијата за филмска уметност и наука го организра во чест на номинираните за Оскарите. Академијата...

Има уште групи како „Јавна соба“ за кои јавноста не знае

Групата „Јавна соба“ на мобилната апликација за инстант пораки „Телеграм“ деновиве ја разбранува јавноста заради тоа што во неа се споделувале фотографии од разголени девојки меѓу кои наводно има фотографии и од малолетни лица. Целиот скандал наметнува повеќе прашања, меѓу кои и зошто е избрана токму „Телеграм“ комуникациската апликација за оваа намена, кој сѐ може да креира ваква група,...

ХЕРА: „Јавна соба“ и насилството меѓу младите е аларм за воведување сексуално образовaние

Случувањата со „Телеграм“ и затворената група „Јавна соба“ се проблем за кој алармираме веќе долго време, велат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА. Од таму додаваат дека врсничкото и родово базираното насилство се секојдневен проблем со кој се соочуваат младите, во и надвор од училиштата. „Ако барате виновници, не ги барајте кај младите. Нивните однесувања се резултат, односно последица...

Секое училиште треба да обезбеди услови за одржување менструална хигиена

Мијалник, влошки, тампони, менструални чашки, сапун, хартија и две корпи за ѓубре. Ова е сѐ што е потребно да се направи и обезбеди во постоечки училиштен тоалет, за да можат девојчињата во нормални услови да одржуваат менструална хигиена.  Ученичките во основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен, од денеска ги имаат потребните услови, бидејќи беше пуштен во употреба вториот адаптиран...

Фондот за иновации го објави третиот предизвик за млади истражувачи

Основните и средните училишта ќе може да аплицираат за третиот „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), од денеска до 16 март. Проекти кои ќе бидат прифатени се од областа на природните и техничките науки кои би се реализирале за максимум шест месеци. Вкупниот буџет за годинашниот предизвик е шест милиони денари или од 100.000...

Кике Цветче, јутјуберка: Младите најмногу се интересираат за прашања кои директно ги засегаат

Во светот јутјуберството веќе се смета за професија сама по себе, но кај нас тоа сè уште e во своите зачетоци. Една од ретките девојки во јутjуб заедницата кај нас е Кике Цветче со која го направивме ова интервју. Јутјуб каналот Кике Цветче е еден од ретките профили од женски автор на нашата Јутјуб сцена, какви содржини можеме вообичаено да...

Онлајн платформата „Ново име” секој месец нуди дo 2.500 евра за млади таленти во Македонија

Проектот „Ново уме”, кој вчера и официјално беше промовиран им нуди шанса за младите од Македонија за на светот да му покажат некој свој талент и да добијат можност да го унапредат со паричен износ дo 2.500 евра. Целната група се лица помеѓу 16 и 30 години и поседуваат талент од областа на науката, културата, уметноста или спортот. „Сите млади кои...

„Крпен студентски живот“: Едвај тројка за животот во скопски студентски дом

На скалата од 1 (многу лош) до 5 (одличен),  квалитетот на живот во студентските домови, студентите го оцениле со просечна оценка од 2,93. Просечната оцена за животот во „Стив Наумов“ е 2,51, Во „Гоце Делчев“ - 3,79, а во „Кузман Јосифовски Питу“ е 2,5. Ова го покажало истражувањето за животниот стандард на станарите што живеат во три студентски домови...

Студент што живее во дом во просек јаде по една банана месечно

Годишно, за секој студент кој живее во скопски студентски дом, се наменети по девет килограми овошје месечно. Ако на пример, се земе предвид фактот дека за период од една година се купени 4.000 килограми банани, и ако ова количество се подели со бројот на студенти, изглегува дека секој студент јаде по 1,5 килограм банани годишно, односно по само една...

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, авторите на филмот државна награда

Владата на вчерашната редовна четврта седница, која се одржа во Штип, донесе повеќе заклучоци за оддавање достојно признание на авторите на филмот „Медена земја“, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда Оскар во две категории. „Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги преземе сите потребни активности со кои ќе обезбеди...

Дома кај Атиџе Муратова, хероината од „Медена земја“ (галерија)

Фоторепортерот на „Мета“ го посети домот на хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова во селото Бекирлија, Општина Лозово. Во тој живописен предел и таа куќа е снимен „Медена земја“ кој е номиниран за Оскар во две категории, најдобар документарец и странски филм. Документарецот постигна историски успех за македонската кинематографија, бидејќи за прв пат имаме номинација во две категории и...

Учениците кои освоија медали на Oлимпијадата по природни науки во Доха на средба со премиерот

Премиерот Оливер Спасовски денес ги прими учениците, основци кои во рамки на 16 - тата Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки, во декември во Доха, главниот град на Катар, освоија две сребрени и три бронзени медали. Спасовски на учениците, кои беа придружувани од нивните ментори, како и од претставник на родителите, им честиташе за големиот успех, потенцирајќи дека образованието е...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...