Филмската екипа на „Медена земја“ на ручек со Де Ниро, Ал Пачино, Бред Пит, Ди Каприо, Тарантино (галерија)

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, заедно со кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев се фотографираа со „кремот“ на светската кинематографија Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино.

Фотографиите се направени за време на традиционалниот ручек кој Академијата за филмска уметност и наука го организра во чест на номинираните за Оскарите.

Академијата сподели и официјална фотографија на нивниот Твитер-профил, на која ги претстави номинираните за Оскар, за годинава. „Медена земја“ е номинирана во две категории за најдобар документарен и за најдобар странски филм, со што постигна историски успех во македонската кинематографија.

„Медена земја“ е досега најуспешниот македонски документарен филм околу кој има огромен меѓународен интерес. Филмот ја следи приказната на Атиџе Муратова, која се смета за последната одгледувачка на диви пчели во Европа. Документарецот може да се погледне онлајн но и во кината во Скопје и низ земјата.