fbpx
Таг: енергетска криза

таг: енергетска криза

Справувањето со енергетската криза главна тема на посетата на Ковачевски во Софија

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета во Софија, Бугарија, попладнево оствари средба со бугарскиот премиер Галаб Донев, на која главна тема на разговор било справувањето со предизвиците на светската енергетска криза. „Ако пред две години се соочувавме со пикот на пандемијата која го затвори светот и со недостиг на вакцини, годинава се соочуваме со...

Ковачевски: Ќе се произведе 25 отсто повеќе струја од лани

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека за годинава е предвидено за 25 отсто поголемо производство на струја во однос на лани. Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека Владата подолго време, уште со започнувањето на енергетската криза во последниот квартал минатата година, презела антикризни мерки во однос на електричната енергија, намалување на ДДВ-то за електричната енергија, зголемување...

На Самитот „Отворен Балкан“ во Белград договорено меѓусебно помагање при недостиг на храна

Лидерскиот Самит „Отворен Балкан“ денеска се одржува во Белград, а свои обраќања на настанот имаа македонскиот премиер Димитар Ковачевски, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама. Премиерот Ковачевски зборуваше за важноста на регионалната соработка на патот кон Европската Унија, особено во услови на светски превирања и економско-енергетска криза. „И денес, оваа соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија во...

Владата предлага фотоволтаичните електрани да се поставуваат без градежна дозвола

На денешната владина седница беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за градење за да се поедностави процедурата за поставување на фотонапонски електро-централи од граѓаните и компаниите, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Законските измени ќе бидат доставени во собраниска процедура и истите значат дека во иднина изведбата на ваквите централи ќе биде без да се бара...

На Швајцарија и Србија им се закануваат рестрикции на струја зимава

Иако е една од најбогатите земји во светот, Швајцарија со нејзината зависност од рускиот гас и француската нуклеарна енергија ѝ се заканува недостиг на електрична енергија во претстојната зима и рестрикции во снабдувањето, пишува Радио Франс Интернешенл. Стотиците хидроелектрани во Швајцарија обезбедуваат доволно количества на струја за земјата во текот на летните месеци, но оваа алпска земја во зимата е...

Владата воведува мерки за штедење струја, за институциите се задолжителни

Државните институции од септември ќе мора да воведат конкретни мерки за заштеда на струја, кои ќе подразберат намалување на сметките за електрична енергија за 15 отсто. За граѓаните и компаниите се предвидени препораки за заштеда на струја, но за државните институции има конкретни задолженија кои ќе мора да се исполнат, за да нема санкции. Министерот за економија Крешник Бектеши на...

Бектеши: И за домаќинствата и за стопанството ќе има мерки за ублажување на енергетската криза

Од почетокот на август кога ќе се прогласи состојба на енергетска криза, Владата ќе може да преземе соодветни одлуки за помош на домаќинствата и на стопанството, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, по средбата со претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев, на која присуствуваа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, директорот на НЕР АД...

Од 1 јули домаќинствата ќе можат да произведуваат струја од фотоволтаици и да ги продаваат вишоците

Домаќинствата и компаниите кои произведуваат струја од обновливи извори на енергија од 1 јули ќе можат да ги продаваат вишоците на пазарот. Министерот за економија Крешник Бектеши ги потпиша измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија, со кои се предвидува производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка. Обврската на универзалниот снабдувач - ЕВН хоум ќе биде да...

Поради растечката инфлација, Народната банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

Растечката инфлација, која во април достигна годишна стапка од 10,5 отсто доведе до ново зголемување на основната каматна стапка на благајничките записи, информираат од Народната банка на РСМ (НБРСМ). Денеска се одржала редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто било одлучено да се изврши дополнително зголемување на каматната стапка за 0,25 процентни поенти,...

ЕУ во трка за енергија

Кога пред околу една година се вжешти кризата со енергенсите малкумина предвидуваа дека тоа ќе биде подолгорочно. Агресијата на Русија врз Украина целосно ги промени прогнозите и плановите, а енергетиката уште поцврсто се поврза со гео-политиката. Зависноста од руските енергенси (гас – 45,3%, нафта – 27%, јаглен – 46%) ги оневозможи поострите санкции на ЕУ кон Русија. Иако руски енергенси...

Орбан ќе оди во Москва по руски гас, унгарската опозиција бара да не се разгорува ситуацијата во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан за 1 февруари ја закажа официјалната посета на Москва, каде што планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Радио Слободна Европа на македонски јазик. Причина за посетата на Русија е барањето на Унгарија за дополнителни количества на природен гас. Орбан во денешното интервју за унгарските медиуми рече дека на самитот меѓу Унгарија и...

ЕСМ утре го презема управувањето со парното од БЕГ и Скопје Север

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) од утре го презема управувањето со топлинска енергија во Скопје. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека денеска попладне ЕСМ ќе го достави на владина седница предлог-договорот за соработка со БЕГ и треба да биде склучен договорот, за од утре државната компанија да го преземе управувањето со БЕГ, но и со АД...

Бектеши: Решен е проблемот со парното, граѓаните ќе добијат непречена испорака на топлинска енергија

Крешник Бектеши фото Влада на РСМ
"Проблемот со снабдување со топлинска енергија во Градот Скопје и општините е решен. Домаќинствата ќе имаат непрекината испорака на парно греење. Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Министерството за економија донесе Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба на пазарот на топлинска енергија", извести министерот за економија, Крешник Бектеши. Согласно оваа Уредба...

БЕГ се закани дека од утре ќе го исклучи парното за 54.000 домаќинства

Најголемиот снабдувач со парно греење во Скопје - БЕГ вчера вечер најави дека од утре, сабота, 15 јануари, ќе го исклучат парното за 54.000 домаќинства, 95 образовни установи и 1.027 други објекти во главниот град. Наводно, имале пари за набавка на природен гас што го користат трите топлани: ТЕ-ТО Исток кај Керамидница, ТЕ-ТО Запад во Тафталиџе и „11 Октомври“ во...

Владата одлучи ЕСМ да откупува струја од ТЕ-ТО, ќе има и засилено парно греење во Скопје

Когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје ќе произведува енергија со максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати, а државната компанија АД ЕСМ ќе ја откупува дополнително произведената количина електрична енергија. На овој начин, дополнителните количини на набавена струја ќе овозможат обезбедување и на производство на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија, односно за БЕГ, којшто снабдува најголем дел од...

Владата со оглас за поддршка на над 7.500 домаќинства во плаќањето на сметките за струја

Министерството за економија денеска го објави јавниот оглас за финансиска поддршка на домаќинствата со ниски примања во плаќањето на сметките за електрична енергија. За оваа мерка од државниот буџет за годинава се обезбедени 60 милиони денари, а целта е да се заштитат ранливите потрошувачи на енергија. Над 7.500 домаќинства со ниски приходи ќе добијат месечна поддршка од државата во...

Скопјани нема да останат без парно, Владата може времено да го преземе работењето на БЕГ

Мандатарот Димитар Ковачевски вели дека Владата нема да дозволи граѓаните на Скопје да останат без парно греење во претстојниот период. Тие имаат решение за надминување на проблемот со високите цени за набавка на природниот гас, којшто им предизвикува проблеми на БЕГ и АД Скопје Север во натамошното обезбедување на топлинска енергија за жителите на Скопје. Ковачевски изјави дека топлинската енергија...

Струјата за домаќинствата од 1 јануари поскапа за 9,5 отсто, дневната евтина тарифа се укинува

Од 1 јануари 2022 година, цената на струјата за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, односно струјата за домаќинствата се зголемува за 9,48 отсто, а ќе се укине дневната евтина тарифа, која досега важеше за периодот од 14 до 16 часот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Дневната евтина тарифа се укинува поради енергетската криза, а доколку...

Со руски гас, БЕГ сака да ги „загрее“ скопјани со тројно поскапо парно

Околу 56.000 корисници на централното парно греење во Скопје од 1 јануари би можеле да добијат енормно зголемени сметки, бидејќи БЕГ доставил барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) цената на градското парно да се зголеми за 300 отсто. Од Балкан енерџи груп го бранат ваквото поскапување со огромното зголемување на цените на природниот гас на светските берзи во...

Рестрикции на струја ќе нема, во јануари во целосен погон ТЕЦ Неготино и РЕК Битола

ТЕЦ Неготино и РЕК Битола е предвидено во текот на јануари да работат со целосниот капацитет со којшто располагаат за производство на електрична енергија. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во текот на најладниот месец ќе проработи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок на РЕК Битола. Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети во...

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...