fbpx

Владата предлага фотоволтаичните електрани да се поставуваат без градежна дозвола

-

На денешната владина седница беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за градење за да се поедностави процедурата за поставување на фотонапонски електро-централи од граѓаните и компаниите, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Законските измени ќе бидат доставени во собраниска процедура и истите значат дека во иднина изведбата на ваквите централи ќе биде без да се бара одобрение за градење од општините.

„Клучно е дека повеќе на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи кои се поставуваат на објекти, односно истите ќе треба да достават само известување до општината со основен проект и имотен лист за објектот на кој треба да бидат поставени. На овој начин домаќинствата и заедници на станари ќе можат да постават фотонапонски електроцентрали со јачина до 6 киловати, а правни лица до 40 киловати“, изјави министерот за транспорт и врски Бочварски.

За поставување на фотонапонски електро-централи, откога Собранието на РСМ ќе ги усвои законските измени, ќе бидат потребни следните документи: Извод од Централен регистар доколку инвеститорот е правно лице или копија од лична карта доколку инвеститорот е физичко лице, имотен лист за објектот на кој се поставуваат фотонапонските електро-централи и основен проект за поставување фотонапонска електро-централа.

„Основниот проект треба да содржи општ и проектен дел кој се состои од архитектонски проект и проект за електрична инсталација и опрема. Градбите ги поставува изведувач со лиценца, кој врз основа на изјава под кривична и материјална одговорност гарантира дека истите се поставени согласно законските процедури. Инвеститорот е должен примерок од изјава на Изведувачот да достави до единица на локалната самоуправа и до Агенција за енергетика. Контрола врз градбата ќе вршат општински градежни инспектори“, изјави министерот Бочварски.

Тој ги повика сите пратеници проактивно да се вклучат во процесот на носење на измените на Законот за градење и час поскоро да им се помогне на граѓаните и на целата држава во надминување на енергетската криза.

Мета факт: Добиен заем од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето

Владата во својата Програма за работа за периодот од 2022 до 2024 година има ветено дека ќе се обезбеди заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во висина од 50...
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download mobile firmware
Free Download WordPress Themes
free download udemy course